Во КСП Центар-Јадро, на 10 април (понеделник) во 17:00 часот ќе се одржи семинар „Вовед во критичка психологија“ со со проф. др. Атанасиос Марвакис.
„Семинарот на грчкиот критички психолог Атанасиос Марвакис е замислен да биде воведен дел од овогодинешната читачка група. Секој/а кој сака да слушне повеќе за критичката психологија и/или сака да биде вклучен во читачката група, го покануваме на семинарот. На читачката група ќе читаме дела од авторите Клаус Холзкамп, Јан Паркер, Томас Тео и др“, велат од Центар- Јадро.
„Вовед во критичка психологија“ 17:00 – 18:15 часот
Во првото предавање е фокусирано на почетоците на критичката психологија, нејзините цели и граници и како всушност мејнстрим психологија е анализирана од страна на критичката психологија
„Предизвиците на критичката психологија денес“ 18:30 – 19:00 часот
Во второто предавање ќе се зборува за потребата на кричката психологија денес, како може да помогне во менталната здравствена криза иполитичката практика и како до позначајна психологија која е ги препознава локалните и национални контексти.
„Критичката психологија е пристап кон психологијата кој е фокусиран на испитување и оспорување на структурите на моќ и социјалните неправди кои се присутни во општеството. Препознава различни системи на угнетување, како што се расизмот, сексизмот и хомофобијата, и анализира како тие влијаат на психолошките искуства и благосостојбата на луѓето. Критичката психологија, исто така, ја нагласува важноста од препознавање и решавање на методите на кои самата психологија може да биде соучесник во зајакнувањето на овие структури на моќ. Ги критикува традиционалните психолошки теории и практики за често занемарување или дури и овековечување на овие угнетувачки системи. Генерално, критичката психологија има за цел да промовира социјална правда и еднаквост преку предизвикување и трансформирање на статус кво на доминантните структури на моќ и идеологии“, велат оттаму.