Ја прашавме Александра Шијакоска како ги поминува деновите и кои и се омилени нешта што обожава да ги прави во слободно време.
Оваа година посебно уживам во спокојот на мојот дом, заедно со семејството и пријателите.

Мое хоби е јавањето, а најголем сон на кој работам е сопствен ранч и коњ.

Една од најдобрите одлуки беше да се преселиме во планинско село, со чист воздух, река покрај домот и звуци на природата.

Не знам да готвам многу јадења, но здравите десерти ми се специјалитет.

Кафе со пријатели, пролетно сонце и нова модна комбинација која мора да се прошета на Широк Сокак.

„I can buy myself flowers“ пуштена на најјако и цвеќе како награда за некој мој успех или добро завршена работа.


