Бидејќи многумина од нас седат дома овој период, а патувањата се невозможни во блиска иднина, сепак тоа не значи дека не можеме да истражуваме и патуваме виртуелно. Виртуелните музејски тури ни нудат едно ново искуство во полето на уметноста и историјата. Можете да одите на места за кои отсекогаш сте сонувале. Затоа, земете си одмор од вестите и започнете ја уметничката авантура.
Ви предлагаме седум одлични виртуелни тури на светски музеи кои можете да ги уживате од вашата софа во пижами:
1. British Museum, London
Основан е во 1753 година, британскиот музеј е јавна институција посветена на човековата историја, уметност и култура. Зборувајќи за нејзините колекции, кои бројат околу осум милиони дела, се смета меѓу најголемите и најсеопфатните во светот. Посетители доаѓаат од сите континенти, прикажувајќи ја и запишувајќи ја историјата на човечката цивилизација од нејзините почетоци до денес. Откријте два милиони години човечка историја и култура. Линк
2. Guggenheim Museum, New York
Денес можете да прошетате низ познатите спирални скалила на Гугенхајм, без да мора да патувате до Њујорк. Таму, можете да видите неверојатни уметнички дела од различни историски периоди, вклучително и од импресионистичката, пост-импресионистичката, модерната и современата ера. Дефинитивно еден од најпосетуваните музеи во денешно време. Линк
3. Van Gogh Museum, Amsterdam
Не толку голем ама интимен и преубав музеј за сите, особено за љубителите на уметноста на Ван Гог. Делата на овој генијален сликар може да ги видите од блиску со влегување во овој виртуелен музеј, кој е дом на најголемата колекција на уметнички дела од Винсент Ван Гог. Колекцијата вклучува над 200 слики, 500 цртежи и над 750 лични писма. Уживајте само со неколку клика. Линк
4. Louvre, Paris
Музејот кој нема потреба да ви го претставуваме, домот на Мона Лиза е омилена атракција и го посетуваат милиони туристи секоја година. И овој музеј изработи повеќе виртуелни тури засновани врз нејзините истакнати постојани колекции, од египетските антиквитети до најразлични уникатни декоративни уметности. Самата турнеја е многу лесна за навигација, со дополнителен преглед на мапи и детални описи. Линк
5. MoMA, New York
Лоциран во Менхетен, Музејот за модерна уметност (МоМА) се смета за еден од најголемите и највлијателните музеи на модерната уметност ширум светот. Колекциите на овој музеј ни даваат преглед на современата и модерната уметност, вклучувајќи значајни дела на дизајн и архитектура, скулптури, слики, цртежи, отпечатоци, илустрации, книги на уметници, фотографии, електронски медиуми, како и филм. Уживајте во прекрасните музејски колекции каде и да сте. Линк
6. Vatican museums, Rome
Овие музеи им нудат виртуелна тура со камера од 360 степени на сите љубители на уметноста. Станува збор за комплекс од водечките светски музеи за уметност и скулптури во светот – полн со бесценети дела од Рафаело, Микеланџело и Пикасо – со годишна посетеност од 6 милиони туристи. Музеите вклучуваат експонати од големата колекција на Римокатоличката црква и Папството низ вековите, вклучувајќи неколку од најпознатите римски статуи на античкиот свет, како и најважните ремек-дела на ренесансата. Линк
7. Acropolis museum, Athens
Овој музеј е местото каде што чука срцето на античкиот грчки дух. Лежејќи над урнатините на дел од римската и раната византиска Атина, веднаш под светиот рид на Акрополис, музејот е посветен на наодите на археолошкиот локалитет на Акрополис во Атина. Во него се сместени сите артефакти пронајдени на ридот и околните падини, од грчкото бронзено време до римската и византиската ера на Грција. Линк