Актерот кој многу брзо стана миленик на Холивуд, Тимоти Шаламеј, има супер стил, без разлика дали за секојдневната улична мода или за црвениот тепих. Вљубеник во костумите, но со поинаков акцент и нота на дизајнот, бојата или принтот, Тимоти секогаш успева да изгледа неверојатно добро и дефинитивно го редефинираше стилот на формално облекување на црвениот тепих. Токму затоа е и еден од најдоброто облечените ѕвезди во Холивуд. Сите го паметиме последниот изглед од „Оскарите“ во февруари, но да се навратиме на неколку негови стилски моменти, што се наш фаворит од минатата година.