Изминува и последниот месец од оваа тешка година, исполнета со страв, несигурност, меланхолија и сите други дополнителни работи што ги донесе глобалната пандемија. Кога разговаравме во нашата редакција која порака сакаме да ја испратиме со последната насловна страница оваа година изборот беше едногласен, порака за безбедни и сигурни празници и желба за подобра 2021 година. Можностите што ни ги нуди дигиталниот свет, овозможија да имаме шест различни насловни страници од наши, македонски илустратори и графички дизајнери на тема: ,,Празници во време на пандемија“. Руки Чуки, Ем Елефантски (Емилија Мишева), Тхе Мичо, Андреј Павлов, Катерина Николовска и Сања Симоска бескрајно ви благодарариме што не пуштивте во вашиот свет на преубави бои и форми. Што секој си го задржа својот личен печат, а сепак пративме заедничка порака, дека силно веруваме дека 2020 година е позади нас, дека од неа ги научивме само лекциите и 2021 ќе ни донесе еден нов свет исполнет со човечност, успех и благосостојба. Изданието може да го купите на овој ЛИНК