Пет млади девојки биле уапсени во Техеран, Иран поради видео на ТикТок кое станало вирално, а во кое танцуваат на јавен простор, пред зграда, без да ја покријат косата. Девојките го споделиле видеото на кое танцуваат на песната Calm Down од Рема и Селена Гомез за да го одбележат Меѓународниот ден на жената. Набрзо видеото станало вирално како симбол на отпорот против строгиот исламистички режим и неговото влијание врз протестантите. Според светските медиуми, по два дена полицијата ги привела и ги натерала да се извинат и да признаат дека направиле грешка, и да потпишат изјава дека нема повторно да го направат истото – процедура од иранските власти за оние кои првпат го прекршуваат „моралното правило“.
Во Иран за жените е забрането да танцуваат јавно, да носат тесна облека и мора да носат хиџаб. Веста за апсењето на девојките наиде на отпор од младите Иранци и повеќе луѓе постираа свои видеа танцувајќи на песната и противејќи се на режимот.
Апсењето на девојките доаѓа по неколку месеци откако насилната смрт на Џина Махса Амини го предизвика најголемото протестно движење во Иран во последните неколку децении. Оваа недела се навршуваат шест месеци откако Махса Амини беше уапсен поради наводно непочитување на строгите правила за хиџаб во Иран. 22-годишната Иранка со курдско потекло стана познато име во Иран, фокусна точка на повиците за промени. Низ светот, таа стана херој за активистите за правата на жените и симбол за западните противници на Исламската Република.