Без разлика дали живеете во куќа или стан, балконот, тремот или верандата секогаш се голем плус. Големи или мали, терасите се скапоцен простор каде можете да уживате во свеж воздух, па дури и да создадете своја градина. Со одредена креативност и имагинација, овие делови од вашиот дом можат да се претворат во мали оази на мир и удобност. Сепак, некогаш е тешко да се најдат идеи за како да ги уредите малите и тесни тераси. Кога терасата е мала, многу е комплицирано да го пронајдете вистинскиот мебел и декор. Затоа, ви предлагаме неколку креативни и функционални решенија и идеи за украсување на истата. Создадете нов простор во вашиот дом и уживајте.
1. Висечки хамoк
Направете го вашиот балкон најрелаксирачкиот простор со помош на хамок. Дури и малиот тесен балкон може да се направи удобно место ако внимателно се пристапи кон прашањето за избор на импровизирана лежалка, во случајов хамок.
2. Вертикална градина
Кога терасата е многу мала и има малку простор за зеленило, одете во висина! Користете еден од страничните ѕидови за да создадете вертикална градина. Засадете билки, зачини, градинарски растенија или едноставно засадете цвеќе.
3. Сијалички и многу свеќи
Свеќите и сијаличките може да бидат од суштинско значење за амбиентот на вашата тераса навечер. Тие се евтини и не зафаќаат никаков дополнителен простор. Ќе ја направат терасата романтично место за седење и уживање.
4. Вештачка трева
Вештачката трева е супер и свеж избор за подот на вашата тераса. Лесно се одржува за разлика од вистинската трева и исто така не е многу скапа. Покрај тоа, овој вид на под е многу лесен за одржување, а може да го извадите кога ќе ви здосади.
5. Монтажна бар масичка
Доколку имате гости или сакате да ручате или пиете пиво на вашата тераса, ова е одлична идеја. Направете си сами масичка која ќе ја закачите на оградата на вашата тераса. Кога немате потреба од неа, за да заштедите простор, расклопете ја и откачете ја.