Знаеме дека нашето секојдневие е премногу драматично во последно време, но исто така знаеме колку во пандемски услови се радувавме на добар филм, па затоа ви ги претставуваме најдобрите драми чии премиери се закажани во 2021 година. Психолошки драми, биографии, романси, пред нас се сериозни човечки приказни што ќе ги разбудат нашите најдлабоки чувства.
1.Malcolm&Marie
Премиера:5 февруари, 2021
Содржина : Љубовниот пар Малком и Мери се враќаат од филмска премиера, а собраната тензија, потиснатите чувства и новите болни откритија што ќе излезат на површина, ќе ги доведат до меѓусебна пресметка.
2.Nomadland
Премиера: 19 февруари
Содржина: Приказна за жена која по смртта на својот сопруг почнува да живее како номад, носејќи го целиот свој живот спакуван во комбе, селејќи се од место до место. Филмот ја осветлува досега неприкажаната страна на номадскиот живот и убавините што тој ги носи, чувството на слобода и себеспознавање.
3.The French Dispatch
Премиера: мај 2021
Содржина: Ако сте фанови на филмот The Grand Budapest Hotel сигурно ќе го сакате и овој филм, што е дело на истиот режисер. Оваа комична приказна се одвива во измислен француски град во 20 век и раскажува три невообичаени стории кои се објавени во магазин кој се вика The French Dispatch нагазин.
4.Respect
Премиера: 13 август
Содржина: Биографски филм за кралицата на соулот Арета Френклин, со оскаровката Џенифер Хадсон во главна улога. Овој филм дефинитивно е најголем фаворит за овогодинешните филмски награди.
5.King Richard
Премиера: 19 ноември
Содржина: Приказна за Ричард Вилијамс, татко и тренер на тениските шампионки Серена и Венус Вилијамс. Приказна за нивниот пат до врвот, славата и солзите со генијалниот Вил Смит во главна улога. Филмските критичари веќе го посочуваат како фаворит за Оскар 2021.
Извор: Elle