My neighbor Totoro
Јапонски анимиран фантастичен филм напишан и режиран од Hayao Miyazaki, се разбира во продукција на студио Ghilbi. Едноставна приказна која се одвива во рурална Јапонија, за две сестри и нивниот пријател од шумата Totoro.
Call me by your name
Романтична драма помеѓу 17 годишниот Elio Periman и 24 годишниот Oliver- студент кој доаѓа да биде асистент на таткото на Elio. Дејството се одвива во 1983 година во Северна Италија во прекрасна италијанска куќа, а целата естетика на филмот е одмор за очите и душата.
Lady Bird
Приказна за матурантка која живее во Калифорнија, за нејзините избори и животот додека одлучува што сака понатаму. Нејзиниот карактер е забавен и необичен, а воедно силен и независен. Овој филм ќе ве поврзе со карактерот на оваа млада девојка и ќе ве насмее додека се потсетувате на тоа какви бевте вие на овие години.
La La Land
Што може да биде по релаксирачко од мјузикл што наликува на класичните холивудски филмови? Иако овој филм не е целосно ослободен од романса, проблеми и меланхолија, сепак е поткрепен со позитивен дух и мисла.
Eat Pray Love
Julia Roberts е главна улога во оваа драма за една жена која е во потрага по својата душа. Таа тргнува на патување за себе-откривање, спиритуалност, храна и љубов. Од време на време овој филм е cheesy, понекогаш емотивен, но има неодоливи сцени од паста и ќе ве потсети дека сѐ ќе биде во ред.