1. ”I’m not a look-alike” – Francois Brunelle
Дали луѓето често ви кажуваат дека изгледате како некој друг што го познаваат? Канадскиот фотограф Франсоа Брунел во својот фотографски проект го насочува објективот на еден извонреден феномен, што опфаќа неповрзани парови кои делат необична сличност односно си личат премногу. Нивните портрети не се само убаво фотографирани, тие прикажуваат и многу впечатливи сличности, што е тешко да се поверува дека не се всушност идентични близнаци. Сепак – тие не се. Ако изгледате како некој друг, или ако знаете за двајца други кои личат премногу, вие сте добредојдени да стапите во контакт со Брунел и да помогнете. Овој проект е претставуван насекаде низ светот, како на пример Торонто, Париз, Лондон и Женева. ”I’m not a look-alike” е проект за кој се планира да се издаде и книга покрај многубројните изложби.
2. ”Touching strangers” – Richard Renaldi
Фотографот Ричард Реналди од 2007 година работи на серија фотографии кои се дел од еден интересен проект. Во овој уникатен проект, комплетно непознати лица надвор, на улица се фотографираат меѓусебно со физички контакт – и резултатите се изненадувачки. Ставајќи ги своите модели во интимни пози, тој создава силни врски кои постојат само за моментот на фотографијата. Проектот собра преку 80,000 долари во успешна кампања на Kickstarte, а ќе резултира со книга со сите фотографии која ќе биде испечатена. Работејќи со голем формат осум на десет – инчен фотоапарат, Реналди неговите фотографии ги создава во градовите низ САД.
3. ”I Collect Gingers” – Anthea Pokroy
Фотографката Антеја Покрој знае како е да се биде црвенокоса. Тие луѓе припаѓаат на мал дел од населението – само 2%. Оваа уникатност ја истражува во нејзиниот фотографски проект, ”I Collect Gingers”. Покроја ги фотографира своите црвенокоси модели, облечени во бела облека, а исто така снима и видео-интервјуа – каде што истражува какво е искуството да се биде црвенокос. Овој проект досега има вкупно 505 фотографии, а Покроја има кампања за собирање пари со цел да издаде книга со нејзините фотографии, а речиси половина од парите веќе се собрани.