На чекор до новата година, спремни сме да ги запаметиме убавите моменти од старата, да ги врамиме во сеќавањата, а да се ослободиме од
неубавите со надеж за подобра нова година. Исто и во домот искористете ги неработните денови и посветете се на она што ве опкружува дома. Задржете ги нештата што будат позитивни емоции, а останатите поправете ги или променете ги. Ослободете простор за нова енерија и свежи идеи. Од Ателје проектинг предлагаат неколку чекори како да го промените домот во новата година.
- Организирајте ги плакарите, фиоките и кујната
Неработните денови за време на празниците искористете ги за да го
ориганизирате подобро просторот за складирање. Полиците и фиоките
не само што ќе изгледаат поубаво, туку и ќе функционирате полесно
Можеби ќе пронајдете заборавени работи кои ќе ви користат, или ќе
ослободите простор за нови.
- Ослободете се од непотребните предмети и украси
Влезете во новата година со ослободување од нешта кои не ви требаат,
не ги користите или не ви се допаѓаат. Инерцијата на секојдневието не
заробува во куп непотребни предмети.
- Уредете ја библиотеката
Откако ќе ги прегледате книгите кои ви требаат, наредете ги по тематика,
по азбучен ред или на дизајнерите омилениот- според бојата на
корицата. Монотнијата може да ја разбиете со по некоја приѕирна вазна
или ситен украс пред кнкигите.
- Внесете повеќе зеленило
Зеленилото докажано го подобрува расположението на луѓето и делува
смирувачки на нервниот систем. Некои од билките и зелените растенија
не само што го одмараат погледот, туку и го прочистуваат воздухот. Исто
така и грижата за растенијата, наводнувањето и пресадувањето се
ритуал кој смирува и буди чуство на задаловолство.
- Употребете нова боја на ѕидовите, мебелот или деталите
Новата боја ќе ви даде чуство на промена и мало задоволство дека
нешто се смнило во однос на преходната година. Без разлика дали
бојата ќе биде на голема површина или мала ќе ви даде и мотив за
остварување на други промени.
- Бирајте природни материјали
Во новата година во секоја прилика коа ќе купувате нешто за домот,
одберете тоа да биде изработено од природен материјал. Природните
материјали не само што се тренд, туку и изгледаат органски во просторот.
- Зголемете го комфорот на домот
Зависно од потребите и можностите, купете нов анатомски душек или
перница. Доколку редовно работите од дома, инвестирајте во работна
столица која ќе ви овозможи удобност и добро држење на телото.
Доколку гарнитурата е деформирана од користење, однесете ја на
претапацирање и промена на сунгерите за да се подобри удобноста.
- Направете список на работи кои се расипани и треба да се променат и
спроведете го во претстојниот период
Сите имаме дома, предмети или апарати кои е потребно да се поправат,
но не наоѓаме време да го направиме тоа. Направете список со реални
рокови кога да се изведе тоа и искористете го постновогодишниот
ентузијазам за да ги реализирате незавршените работи.
- Применете одржливи решенија
Доколку имате потреба набавете штедливи светилки, електрични апарати
со висока енергетска класа, поставете соларни системи за загревање на
вода, одберете начин на греење кое не загадува, штеливи чешми и
казанчиња и сл. Со ваквите решенија не само што ќе имате заштеда на
финансии подлгорочно, туку и придонесувате за зачувување на
околината. Следната прилика кога ќе одлучувате имајте ја оваа идеа на
на ум!
- Селектирај и рециклирај
Обидете се да допринесете за почиста околина со тоа што ќе почнете со
селектирање на отпадот во домаќинството за понатамошно рециклирање.
Тоа е мала промена што секој може во домот да ја направи за подобра
иднина. Информирајте се кој начин ви одговара за ослободување од
отпадот.