Во пресрет на претстојниот фестивал на алтернативна музика „Здраво млади“, Младинскиот културен центар организира бесплатна работилница за креирање на АR филтер на Инстаграм.
Работилницата ќе ја предводи интердисциплинарната уметница Кристина Пулејкова и ќе се одржи на 22 август во Џебно Кино МКЦ со почеток во 18:00 часот.
Целта на работилницата е да се истражи потенцијалот на Аугментираната Реалност како медиум за креативно изразување, раскажување приказни и пренесување/амплифицирање на пораки. Низ практични примери и работа во софтвер за реализација на #AR филтри, учесниците ќе научат како се скицира, тестира и објавува AR филтер. На крајот од работилницата, учесниците ќе се здобијат со основно познавање на софтверот SparkAR, како и ќе имаат создадено свој AR филтер. Работилницата ќе ги оспособи младите креативци со основни алати за создавање на АR филтри, како потребен прв чекор кон понатамошна експериментација со овој нов медиум. Работилницата е бесплатна и не е потребно претходно искуство со аугментирана реалност за да се учествува. Постојат мини технички потреби за учество!
● Треба да понесете свој лаптоп и да го имате симнато софтверот SparkAR кој е бесплатен
● За да се најавите на SparkAR, ќе треба да имате Фејсбук профил. Доколку не сте Фејсбук корисник, ве молиме за учество на работилницата да направите привремен профил, бидејќи истиот е потребен за да може да се работи со софтверот.
● За тестирање на филтрите, ќе треба да имате Инстаграм профил Smile
*За време на работилницата ќе се фотографира за документација на настанот.
Детали за пријавување:
Испратете своја кратка биографија и контакттелефон на info@mkc.mk .Рокот за пријавување е 18 август (четврток). Ако сте примени, ќе добиете известување најдоцна до 20 август.
Работилницата за AR филтри ќе ја води Кристина Пулејкова. Кристина е македонска уметница, стационирана помеѓу Скопје и Лондон чија интердисциплинарна практика е заснована на науката и технологијата. Делото на Кристина го истражува начинот како употребата на технологијата може да доведе до поголеми облици на одржливост во односите човек-природа. Кристина има магистерска диплома по сликарство и анимација, стекната на Универзитетот за применета уметност во Виена и магистерска диплома по уметност и наука од Сентрал Сеинт Мартинс во Лондон. Добитник е на инаугуративната награда Фламин Фелоушип на Филм Лондон (2017).
Делата на Кристина се изложени/емитувани, меѓу другите, и во Националната галерија Скопје, Музејот на современа уметностСкопје, Научен музеј Лондон, МАН Музеј, Сардинија, The V&A, Лондон, МАК Виена,Проект Спејс Кунсталле Виена, Хет Глас павилјоен Ајнховен, Арт КОП21 Париз, Галерија Вајтчепл Лондон, Фестивал Арт Ликс Лондон, Луишамартхаус Лондон, Кралски колеџ за уметност, Лондон.