И оваа среда заедно со нашите соработници Olympus и Food Bar, брендови што нудат здрави и свежи производи, фитнес инструкторката Елена Бубало, приготви предлог оброк, што ќе ви овозможи целосни нутритиенти, а ќе ви одземе многу малку време во кујна.
Кога е кратко времето, за да направите правилен оброк дома е потребно да имате правилни намирници. Салата е одличен избор за брз и лесен оброк. Комбинација од зеленчук и протеин и нема да згрешите никогаш.
Една кеса беби микс салата од Food Bar, 1/2 ќесе цвекло од Food Bar (веќе чисто и изрендено што заштедува многу време), 1/2 домат или шери доматчиња, 1/2 краставица, 1/2 авокадо (замена може маслинки), измешано заедно со cottage cheese од Olympus како супер извор на протеин.
Подготовката ќе ви одземе само пет минути.
Уживајте во вкусната салата!