Нова доба, нови навики. Секојдневно брзаме, се социјализираме, се смееме, се дотеруваме, прославуваме, купуваме, честитаме, советуваме, пробуваме, дегустираме, креираме, уживаме, делиме, посакуваме. Во насока на искреноста, скоро и да не постои некој, кој не посакува придавките „модерни“ и „in“ да го краси метафорично името низ градските кругови. Вредност бараме насекаде – во сите агли во дигиталниот и во реалниот свет. Секој следен чекор, секојдневно нѐ води упорно кон крајната индивидуална цел – максимално уживање во животот низ градската светлина (и) во главниот град.
Обврските скоро секогаш ни се „зачинети“ со брзо темпо и прстофат стрес, но убавите моменти, кои на крајот од денот самите ги бираме, го засладуваат и разубавуваат секое искуство, на кое токму ние му даваме зелено светло да влезе во нашето секојдневие.
Светските метрополи цветаат со пофалби од туристи и локалци како резултат на уникатните понуди на бројни премиум барови и ресторани, но и нашето Скопје може да се пофали со нешто токму такво, – нешто од „светски“ калибар. Дistrikt Bar & Kitchen зад завесите го открива најслаткото и најзабавно есенско добредојде – и официјално започнува нова урбана традиција на неодоливи бранч вкусови и единствена диско атмосфера. Едноставно нови викенд навики, кои со сигурност ќе му пркосат на градското сивило во новата сезона.
Опојниот микс на уникатната бранч понуда на Дistrikt, се протега низ морските деликатеси со поширан коктел од јастози, па сѐ до слатките кроасани и мини Крок-Мадам. Уникатните вкусови од бранч менито секако ќе се нижат секој викенд во претстојната сезона.
Неодоливо. Префинето. Уникатно. Светско, а наше. Сето во целост може само да се доживее.
Зад новиот серијал на саботни бранч искуства се потпишува Директорот за Храна и Пијалоци во Дistrikt, Кирил Ставрев.
Но, Дistrikt е многу повеќе од слатка дневна локација во центарот на Скопје, само за „catch-up“ моменти со пријателите, партнерите, блиските. Магијата на Дistrikt трае и во вечерните часови, а осумгодишниот раст и преродба на овој бар во омилено место за излегување е главниот столб на новите диско-забави во Дistrikt, каде монотонијата со сигурност ќе ја разрушуваат битовите на ДЈте и убавото чувство од дегустирањето на артисан-коктелите на искусните коктел мајстори во овој веќе препознатлив бар и синоним за добар провод.
Првиот бранч започна на 28.09.2024 напладне и продолжува секој следен викенд во саботно издание, привлекувајќи ги притоа љубителите на добра саботна пладневна дружба, а првата диско-забава во склоп на новиот Behind the curtains концепт на Дistrikt започна од 27.09.2024 со почеток во 21 часот.
Препуштете се на урбаната класика со модерен вкус, пробајте префинет скопски спој на денот и ноќта единствено во Дistrikt Bar & Kitchen.