Патувањата како дел од нашиот животен стил во нас будат почит за различни култури, емпатија и ја јакнат нашата глобална свест, односно ни покажуваат дека ние како единки сме дел од една многу поголема слика. Со запознавањето различни средини и системи на верување или, пак, различни начини на живот, се развива почит кон културната различност и во нас се засилува поинклузивен поглед на светот.
Ако овој текст е знак дека треба повеќе да патувате или ако патувањата веќе се значаен дел од вашиот животен стил, тогаш Matercard World Debit, платежната картичка на Халкбанк, е вистинско, премиум решение за вашите плаќања во странство зашто нуди низа бенефити и може да ги исполни целосно вашите очекувања за комфорно патување. Од моментот кога ќе стапнете на аеродром оваа платежна картичка ќе отвори едно сосема ниво на удобност и луксуз. Matercard World Debit картичката е наменета за физички лица со редовни месечни примања кои се приматели на плата или пензија во Халкбанк АД Скопје.
Оваа картичка се печати на пластика која се рециклира и е со уникатен дизајн, на неа е прикажано движењето на балканскиот рис, кој е национален симбол на државата. Корисникот на ваков вид картичка добива СМС-инфо без надомест, информација за секоја трансакција и состојба на сметка, електронско и мобилно банкарство и истата е без еднократен надомест и без надомест за месечно одржување, како и без надомест за повлекување средства од сите банкомати во земјава. Кога корисникот ќе ја добие оваа картичка, станува дел од програмата Lounge Key, со која добива бесплатен пристап во ВИП-салоните на аеродромите во Скопје, Белград, Виена, Софија и Истанбул, кои се најчесто користени трансфер-аеродроми за поврзување на меѓународните летови. Оваа платежна картичка нуди поволности и за луѓето што патуваат со возило, односно корисниците бесплатно ја добиваат услугата асистенција на пат-пакет Европа од Халк осигурување која е многу значајна за сите оние што патуваат со возило.
Ние поразговаравме со неколку инспиративни соговорници на кои патувањата им се речиси секојдневие, голем значаен дел од нивните животи, и кои зад себе имаат големо искуство, за нивните предизвици и патешествија. Уживајте во нивните раскажувања за егзотични дестинации, разбудете го патникот во вас и редефинирајте ги патувањата со Mastercard World Debit од Халкбанк.
Со посетени 48 земји и 5 континенти слободно може да се каже дека патувањето е ваша пасија. Како се развија страста и желбата за патување?
Желбата и страста за патување ми се всадени од моите родители, кои уште од бебе ме земаа на нивните патувања. Од нив научив уште од многу мали нозе, а тоа е нивната девиза, дека соништата се носат само во куфери, зашто само така се остваруваат.
Секое патување бара сериозна подготовка и организација за да се избегнат непријатностите и да се обезбедат најдобрите опции. На кој начин вие се подготвувате за секое патување и кои работи секогаш ги земате предвид?
Подготовките многу зависат од дестинација и местото на кое патувам. Доколку станува збор за патувања на покомерцијални и туристички развиени места, тогаш подготовката оди многу лесно. Доколку станува збор за поуникатни дестинации што не ги посетуваат многу туристи, тогаш подготовката знае да биде и неколку недели, па и месеци. Она што најчесто правам е добро истражување, онлајн-форуми, блогови, веб-сајтови… со цел да добијам некоја груба идеја за како најдобро да се стигне до таа дестинација, кои места мораат да се посетат, каде да се сместиш, што да очекуваш во однос на културата итн., а потоа следува и пребарувања во патувачки групи, каде што искусни патувачи веќе биле на тие места и можат да дадат подобри сугестии и да се финализираат некои детали, на пример најдобар трансфер од аеродром, препорака за локален водич, кој интернет-план во таа земја е најдобар итн. За мене, секогаш на прво место кога планирам патување е дали е потребно виза за дестинацијата на која ќе одам и, ако треба, тогаш како и каде да ја извадам.
Секоја дестинација има уникатна убавина и специфични карактеристики. На кој начин ги одбирате дестинациите и што е пресудно за изборот?
Имам некој список на места што би сакала да ги посетам барем еднаш во животот и некако се водам според него. На почетокот на секоја година правам листа на места што сакам да ги посетам, тоа е комбинација од нови места, но и места што ми се допаднале и би сакала повторно да се вратам. Па, горе-долу, по тие листи се водам, но многу често знам да изберам и дестинација затоа што се наоѓам во близина или, пак, сум нашла поволни авиобилети итн.
Според вас, што е пресудно за едно патување да биде комфорно и пријатно?
Мислам дека број еден правило кај мене за едно патување да биде комфорно е добра претходна организација. Испланирана агенда за што ќе се прави, кои места ќе се посетат, резервирано сместување и трансфер. А кога станува збор за удобност, тоа го делам во зависност од типот на патувањето. Доколку е одмор, тогаш сакам да бидам сместена во добар хотел, на добра локација, во голема и комфорна соба, а плус е ако има спа. Доколку, пак, станува збор за патување, тогаш најважно ми е само добра локација, чиста соба и топла вода.
За време на вашите многубројни патувања сигурно имате големо искуство од посета на различни светски аеродроми. Кои услуги и придобивки што ги нудат аеродромите ви помогнале да ги направите вашите патувања попријатни?
Удобни столчиња, бесплатен вај-фај и зона за релаксација на миленичиња, за кога патувам со моето куче се неколкуте придобивки што ми го прават моето патување подобро. Тука секако спаѓа и изборот на кафулиња и ресторани на аеродромот. А исто и како и колку е добра конекцијата на аеродромот со градот.
Кое е вашето омилено патување и што го разликува од другите патувања?
Ух, тешко е да изберам само едно место, но би рекла Јапонија. Имав можност да ја посетам во 2019 година и навистина е место што најмногу ме фасцинирало и воодушевило во исто време. Имав големи очекувања за патувањето во Јапонија и моите очекувања беа надминати. Од култура и храна до знаменитости, сè е толку поразлично од сè она што сум го сретнала досега. За мене, Јапонија е како сосема друг универзум.
На кој начин се информирате за користење на различни промоции, понуди со подобра цена, финансиски бенефиции, ваучери и сл. што се наменети за патување?
За сместување го користам „Букинг“, доколку си Genius Level 3, тогаш добиваш големи бенефиции како попуст и до 30%, бесплатен појадок, бесплатни придобивки на соба, па дури понекогаш и бесплатен трансфер од аеродромот. За авиобилети „Скајскенер“ за подалечни летови, а „Киви“ за летови низ Европа, особено од поевтините авиокомпании. Исто така, претплатена сум на мејлинг-листите на авиокомпаниите со кои најчесто летам, па така редовно добивам информации за попусти и промоции. За изнајмување автомобил го користам агрегаторот „Кајак“, а за тури и посета на знаменитости „Вајатор“ и „Гет јоур гајд“.