Новата сезона на видео интервјуа на наше големо задоволство ја започнуваме со Мила Билеска, матурантка во Меѓународното училиште НОВА. Таа е вистинска инспирација за сите нас, доказ дека со истрајност и упорност се остваруваат најубавите соништа. Од годинава таа ќе биде студентка на престижниот универзитет Принстон во САД, што е навистина голем успех за неа лично, но и уште една успешна приказна на НОВА чии ученици се дел од најквалитетните светски универзитети. Мила, ние ти посакуваме да продолжиш по твојот пат кон успехот!