Инспирирани од серијата „Игра на лигни“, од „Нетфликс“ прават реално шоу во кое 456 натпреварувачи ќе играат игри за награда од 4,56 милиони долари што ќе ги добие еден натпреварувач. Серијата, за која неодамна беше најавено дека ќе биде обновена со втора сезона, раскажува за група на луѓе во долгови кои го ризикуваат животот за да ги добијат парите и да ги отплатат долговите. Серијата стана најгледана на „Нетфликс“, а сега ќе биде и реалност за 456 играчи од целиот свет.
Во објавата од Нетфликс се вели дека шоуто ќе се вика „Игра на лигни: Предизвикот“, но сè уште не се знаат пречките со кои ќе се соочат играчите. Шоуто ќе трае 10 епизоди, во кои повеќето натпреварувачи ќе се борат за главната награда, а за нивна среќа, за разлика од јужнокорејската серија, нема да биде игра на живот или смрт.
„Како што учесниците се натпреваруваат низ серија игри инспирирани од оригиналната серија, со изненадувачки нови додатоци, нивните стратегии, сојузи и карактер, ќе бидат ставени на тест додека конкурентите се елиминираат околу нив. Влогот е голем, но во оваа игра најлоша судбината е да си отидеш дома со празни раце“, изјавија од „Нетфликс“.
„Squid Game: The Challenge“ ќе се снима во Обединетото Кралство, а „Нетфликс“ бара кандидати што зборуваат англиски од каде било во светот.