Јужнокорејскиот трилер на „Нетфликс“, многу брзо стана една од најгледаните серии изминативе неколку дена, а се чини дека голем број гледачи се веќе опседнати со серијата. Продукциската куќа „Нетфликс“, знае да направи серии кои стануваат вистински хит за неколку дена.
Моментално сите зборуваат за Squid Game, дистописка серија што вртоглаво ја зголеми гледаноста на „Нетфликс“ изминатиов период. Тед Саранос, ко-извршниот директор на „Нетфликс“ дури изјави дека дефинитивно ќе биде нивната најгледана серија од неанглиско говорно подрачје, а дури има голема шанса да биде и нивната најпопуларна серија на платформата.
Squid Game е изненадувачки едноставна, се работи за 456 натпреварувачи кои се во долгови и кои се селектирани да играат детски игри, а тој што ќе остане последен, победникот на сите игри добива околу 38.6 милиони долари. Трикот всушност е дека тие што губат се соочуваат со смртни последици. На пример, играта Црвено светло, зелено светло (позната кај нас и како Здрвен дедо) каде играчите смеат да се движат додека главниот кој ја води играта не каже да стоп, а ако продолжат и понатаму да се движат се елиминирани.
Во Јужна Кореја, играта „squid“ или „ojingeo“ е детска игра со повеќе натпреварувачи што ја поставува сцената за последната епизода. Според текст во „The Korea Times“ серијата има две главни цели: „или напаѓачите да ја остварат својата цел на нападот, или тимовите да се уништат меѓусебно“.
Популарноста на серијата која се гледа во еден здив, според „Guardian“ е резултат на колективната културна опсесија со серии во кои има игри како и на талентираната екипа која ги вклучува Ли Јунг-јае, Парк Хае-соо и Ви Ха Јон.
За новинарот Том Ашер, серијата изобилува со емотивна страна поради моментите каде гледачот се прашува што всушност гледа и зошто е толку вознемирен поради ликови што играат џамлии, а од друга страна потајно се надева дека играта нема да заврши толку трагично.
Извор: i-d.vice.com