Фондацијата Фридрих Еберт во соработка со Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија сними социјален експеримент за подигнување на свеста за родовата нерамноправност, која за жал сѐ уште е дел од нашето општество. Социјалниот експеримент во кој учествуваа деца од 7-11 годишна возраст покажува дека за децата е сосема разбирливо и јасно да добијат иста награда за истата задача, независно од тоа дали се работи за момче или девојче.
Да го следиме нивниот пример и пораката која ја испраќаат и да ги поттикнуваме да се борат и залагаат за родова рамноправност. На тој начин ќе изградат подобра иднина за себе и за општеството во кое живеат. Пораката со која завршува видеото: „Ниедна жена не заслужува да се чувствува помалку вредна!“ е мотото на кое сите со заеднички сили треба да работиме, сѐ додека квалитетот и вредностите не станат единствена основа за детерминирање на платите.
Видеото е во продукција на „Портрет“. Голема благодарност до Општина Карпош и ООУ „Јан Амос Коменски.“