Многу луѓе во определен период од нивниот живот се соочиле со опаѓање на косата и тоа директно влијаело на нивната самодоверба, но и на квалитетот на живеењето. Причини за ваквата појава има многу и тие можат да бидат од различен вид, медицински состојби, наследен фактор, начин на живот и слично. Процентите покажуваат загрижувачки бројки, односно до 35 година, приближно 40 % од мажите имаат искуство со видливо губење на косата. До 60 година овој процент се зголемува на 60%. Многу е важно да се напомене дека косата и природно опаѓа во конкретни временски циклуси и ваквото опаѓање треба да се разликува од интензивното.
Што можеме да направиме превентивно, за да го намалиме опаѓањето на косата? Постојат повеќе медицински, козметички и природни третмани со кои може да се намали паѓањето.
Шампон против опаѓање на косата – Опаѓањето на косата често се јавува поради различни хормонски промени во организмот, кај жените тоа може да биде период на бременост, доење, менопауза, зголемен стрес и сл. Во ваквите животни периоди настапува дифузна алопеција, со рамномерно губење и проретчување на косата на целата површина од скалпот. Шампонот против опаѓање на косата треба да е стимулирачки, да делува директно, да го јакне влакното по целата должина, од коренот до врвовите. Наш предлог e Парусан шампон за жени, кој содржи активна супстанца (Ana Gain) базирана на екстракт од грашок, која ја продолќува фазата на раст, за сметката на фазата на одмор на косата. Содржи растителни екстракти од пченица, хмељ, невен, босилек, биотин, витамин Е, пантенол.
Тоник против опаѓање на косата- Тоникот се користи најчесто во комбинација со шампон против опаѓање за подобар ефект и подобри резултати. Парусан тоник за жени е енергетски тоник кој поттикнува циркулација во фоликулите на влакното и го забрзува растот на косата.
Маска од кокосово масло –Кокосовото масло има антибактериско и антигабично дејство па е одлично решение, ако опаѓањето е поттикнато од некоја инфекција на скалпот. Маската може да ја нанесувате половина час пред миење на косата, кога кокосовото масло малку ќе се загрее и ќе се нанесе во коренот на косата.
Коприва- Оваа билка ја користеле нашите баби, кога имале проблем со опаѓање и се уште е еден од најдобрите природни стимуланси. Една рака листови од ова растение попарени со 2 литри вода, дава чај кој може да го користите како раствор, природен тоник од кој ќе нанесувате по неколку пати на ден. Со овој раствор може да правите масажа на скалпот, да ја подобрувате циркулацијата и да помагате што подлабоко да продре во коренот.
Избегнување хемиски третмани, секојдневно изложување на топлина- Познато е дека косата која се изложува на различни хемиски третмани како боење, шатирање, прекумерна топлина, од фенирање, виткање со тек на време станува слаба, кршлива и оштетена.