Овој број на магазинот го посветивме на говорот на омраза што сè почесто се користи на социјалните мрежи, а постојаното седење дома и фрустрациите од секојдневието многу луѓе ги гледаат како оправдување и најлесно им е да се “истураат” на Интернет, без да размислат за последиците. За насловната страница избравме четворица млади, успешни момци и девојки, што градат кариери во дигиталниот свет и што често на своја кожа го чувствуваат говорот
на омраза. Блогерките Ангела Ѓорѓиева и Alex Majestic, заедно со јутуберите Стефан Рашковиќ-Sttefonator и Марко Марковиќ-GP се дел од нашата кампања и во прво лице ни ги раскажаа своите искуства и ставови. Зашто е важно на говорот на омраза да се гледа како на кривично дело? Тоа е најправилно и единствено прифатливо, зашто
само на тој начин ќе се подигне свеста на јавноста, и идните генерации ќе размислат што и како употребуваат во секојдневната комуникација, ќе се научат да почитуваат неистомисленици и најважно од се на Интернетот ќе гледаат како простор за сопствена надградба и едукација.
Ангела Ѓоргиева
Модна блогерка
„Колку побрзо го прифатите фактот дека туѓото мислење е субјективност која вие не можете да ја промените, толку побезболно ќе чекорите напред“
Марко Марковиќ-GP
„Пласирање на поучна содржина може да го намали говорот на омраза“
Александра Трпеска-Majestic
„Понекогаш е добро да ги кажеш работите на глас, не поради потреба да се објасниш, туку поради тоа што не знаеш кого ќе натераш да сфати нешто и не знаеш на кого ќе му го промениш видикот. Тоа е најдобриот инфлуенс што може да го дадеш од себе за другите. “
Стефан Рашковиќ-Steffonator
„Голема е разликата помеѓу конструктивна критика и говор на омраза“
Емра Куртишова
„Се повеќе си фалиме едни на други, и се повеќе сфаќаме дека искреноста и сплотеноста се главна алатка за правилно функционирање во животот“
Ани Дими
За фотографијата, инспирацијата и креативниот процес
„Предизвикот е да направиме фотографија што ќе не воодушеви“
Филип Јосифовски
„Несреќата буквално ми го промени животот и моите вредности засекогаш, но верувам дека о напорна работа ќе се вратам уште повеќе.“
Димитар Панчевски
Адвокат
„Борбата против сите форми на говор на омраза мора да биде транспарентна и енергична“
Ања Моли Макеска
„CoolTura“
„Она во кое силно верувам е дека никогаш не треба да престанеме да учиме и да сме љубопитни. “
Мерал Мусли Тајроска
„Институциите имаат должност да ја информираат јавноста дека говорот на омраза е кривично дело. “