Фотографот Нил Фолберг, на 21 годишна возраст се решил да ја посети тогашната Социјалистичка Република Македонија во април 1971 година за да ги фотографира луѓето кои живеат на село и обработуваат земја. Тој планирал да помине шест месеци во Македонија правејќи серија документарни фотографии. Пред да тргне тој поминал време во Архивите на Доротеја Ланг во Музејот во Оукланд со цел да го усоврши својот стил и пристап. Во нејзините фотографии тој увидел дека таа успеала да опише време и место во своите непретенциозни слики кои ги рефлектирале силината и карактерот на нејзините субјекти.
Со овие фотографии во паметот Нил тргнал на патување за Македонија и останал две години учејќи го јазикот и културата.
Во едно писмо кое го напишал за време на својот престој кажал: „Селаните, кои со нетрпеливост и желба го покажуваат и делат својот скромен дом со странци, живеат балансирано помеѓу реалноста и кошмарите. Тие не ја сакаат земјата, тие се плашат од неа. Работат напорно секогаш, а земјата некогаш им возвраќа со плод, а некогаш не. Се сеќавам колку чудно ми изгледаше дека жените веруваат дека нивните мажи се претвораат во врколаци. Тука е тоа дури и за верување. Опсесијата со смртта е евидентна и животот е само привремен акт на опресија кон смртта“.
Во прилог погледнете ги фотографиите на Фолберг.
Селаните и секојдневието
Церемонии и прослави
Ромска свадба
Крштевка
Сунет
Лица
Извор: Artsy