Во животот, промените се неизбежни, а прифаќањето на тие промени е дел од нашиот раст. „Се менувам. Природно е.“ е видео рубрика, поддржана од Rosa, која ја истражува токму таа природна трансформација низ која сите минуваме.
Во оваа епизода разговараме со двајца соговорници со силен личен интегритет и професионален глас што се препознава – Јована Стојменовиќ, уредничка, новинарка и ТВ лице чие присуство носи доверба и јасност, и Александар Наков, маркетинг експерт со редок баланс помеѓу креативност и стратегија, кој отворено зборува и за предизвиците зад успесите.