Во животот, промените се неизбежни, а прифаќањето на тие промени е дел од нашиот раст. „Се менувам. Природно е.“ е видео рубрика, поддржана од Rosa, која ја истражува токму таа природна трансформација низ која сите минуваме.
Затоа ги поканивме инфлуенсерката и креаторка на содржини Илариа Кирилов, позната по својот автентичен стил и искрен пристап кон теми од секојдневието, и мејкап артистката Милена Косиќ, која преку шминката не само што трансформира изгледи, туку и гради самодоверба. Двете носат лични перспективи за промените – надворешни и внатрешни – и како тие влијаат врз нивниот живот, креативност и идентитет.