Schweppes ја претстави својата најнова иновација – Pink Grapefruit, нов свеж вкус кој ветува возбудливо и интензивно освежување, создаден за сите што сакаат да уживаат во секоја голтка. Кампањата под мотото Fizz It Up беше реализирана преку впечатлива фотосесија во студио, каде уметникот Бојан Ковски ја претвори пејачката Викторија Лоба во живо платно на боите и енергијата на новиот Schweppes.
Во срцето на концептот е идејата дека денешните дружења треба да бидат вистински моменти на возбуда и ослободување од секојдневието, со Schweppes како совршен избор за секоја прилика – без разлика дали се консумира самостојно или како миксер пијалак во коктели. Со Pink Grapefruit, брендот носи свежо и интригантно искуство: вкус што балансира помеѓу благата горчина и сочната свежина на розов грејпфрут, создавајќи перфектна комбинација за модерното дружење.
„Свежината и енергијата на Schweppes Pink Grapefruit ми дадоа инспирација да бидам храбра, слободна и креативна,“ изјави Викторија Лоба за своето учество во кампањата. „Точно тоа што ми треба за да бидам своја и да ја изразам таа експлозија на урбани бои и вибрации.“
Уметникот Бојан Ковски објасни дека најголемиот предизвик бил визуелно да се пренесе карактерот на пијалакот преку телото на моделот: „Најголемиот предизвик беше како да се пренесе вкусот и чувството на Schweppes Pink Grapefruit – неговата свежина, енергичност и елеганција – преку тело на фотографија, видео и перформанс. Инспирацијата ми дојде директно од самата текстура и вибрација на пијалакот: меурчињата што шумат, розовата боја полна со живот, и златната нијанса која додава чувство на префинетост. Сакав телото да стане платно што ‘дише’ и се движи со таа енергија.“
За време на фотосесијата, боите на лименката на Schweppes Pink Grapefruit — енергична розова, светкава жолта и нежни сребрени меурчиња — беа вешто пренесени на телото на Викторија Лоба, создавајќи моќен визуелен ефект кој ја доловува свежината и динамиката на новиот пијалак.
Schweppes Pink Grapefruit претставува идеален избор за летната сезона — лесен, освежителен и совршен како самостојно уживање во топлите денови или како дел од креативни коктели и mocktails. Со својот уникатен вкус и впечатлив изглед, тој внесува вистински Fizz во секој момент на дружење.