Ревидираните упатства за мамографија, предупредувачките совети и давателите на услуги кои нудат различни препораки, креираа кај многу жени недоумица и направија да се прашуваат како најдобро да управуваат со здравјето на своите гради. Кога и дали да се направи преглед и кој тип на преглед е најсоодветниот?
Да ја расчистиме конфузијата.
Актуелни препораки
Почнувајќи од 2015 година наваму, согласно Европските протоколи препорачано е жените над 40 годишна возраст задолжително еднаш во две години да направат скенирање на градите. Кај жените со неколку ризик фактори подобро е тоа да се прави еднаш годишно. Докторот е тој кој одлучува и ја препорачува фреквенцијата на прегледи според ризик факторите. Така дел од жените по 55 година, ќе можат да одат на тестирање секоја втора година. Овие упатства ја одразуваат загриженоста дека претходниот скрининг може да доведе до лажни позитиви, анксиозност, непотребни тестови и радикално лекување на карциноми кои никогаш нема да станат опасни по живот.
Почнувајќи од 40 години е во ред, но по 35 е побезбедно
Студиите покажуваат дека започнувањето на скрининг на 35 години спречува смртни случаи. Не плашете се доколку најдете нешто невообичаено. Наместо тоа, соработувајте со вашиот лекар за да се уверите дека се е во ред . Помалку инвазивни мерки може да се применат кај жените кои не се изложени на висок ризик на агресивна форма на рак.
Доколку не припаѓате во оваа старосна категорија и сте помлади, важно е да знаете дека доколку забележите било што необично, не треба да чекате туку треба веднаш да појдете на доктор.
Ризикот од рак е индивидуален
Не постои универзален ризик кој се однесува на сите. Факторите како возраста, расната припадност, употребата на хормони и менструалната историја, сите тие влијаат на шансите кај една жена да добие рак на дојка. Се земаат в предвид десетици фактори за да се пресмета ризикот. Разбирањето на вашиот личен ризик ќе помогне да се донесат најсоодветни одлуки со цел да се креира најдобриот скрининг план за вас.
Ризик и превенција
Не постои нешто кое со сигурност ќе спречи рак на дојка. На дел од ризик факторите (семејна историја/ возраст) не можете да влијаете, но сепак постојат работи кои можете да ги направите, за да го намалиле вашиот ризик. Вие можете да вилијаете на ризик факторите кои се под ваша контрола т.е оние поврзани со вашиот начин на живот. Подолу ќе ги најдете ризик факторите класифицирани во три генерални групи: потврдени, непотврдени и отфрлени како ирелевантни. Внимавајте на нив.
1.Фактори на ризик за рак на дојка поврзани со начинот на живот
Овде спаѓаат: прекумерна консумација на алкохол, прекумерна тежина (обезност), физичка неактивност, жени кои не родиле, жени кои не доеле, користење хормонална контрацепција, хормонална терапија поврзана со менопауза.
2.Фактори на ризик за рак на дојка што не можете да ги промените
Тоа што сте жена, што стареете, што сте наследиле конкретни генетски мутации, што имате семејна историја со рак на дојка, што сте повисоки, што имате голема густина на ткивото на дојките или пак имате бенигни промени во дојките, ако ви почнал циклусот порано (пред 12 години) или сте во доцна менопауза (после 55 година).
3.Фактори со непотврдени ефекти врз ризикот од рак на дојка
Овде спаѓаат оние за кои се уште не е утврдена директна врска, директното влијание. Тука спаѓаат: начинот на исхрана и користењето витамини и суплементи, материи загадувачи на околината, чад од цигари особено кај пасивни пушачи, работа во ноќна смена.
Отфрлени или контроверзни фактори на ризик за рак на дојка
Постојат некои фактори кои истражувањата покажаа дека не се поврзани со рак на дојка. За нив може да најдете информации на интернет или веќе сте ги служнале како фактори кои можеби се поврзани сода слушнете за овие отфрлени или контроверзни фактори на ризик, но важно е да ги знаете фактите.
Користењето антиперсипиранти, носењето градници со жичана потпора или абортусите било спонтани или намерни не можат никако да се поврзат како ризик фактори со ракот на дојка.
Може ли да се спречи ракот на дојката?
Не постои сигурен начин да се спречи рак на дојка. Но, постојат работи што можете да ги направите кои може да го намалат вашиот ризик. Ова може да биде особено корисно за жените со конкретни ризик фактори за рак на дојка, како што се силна семејна историја или одредени наследни промени во генот.
За сите жени општо:
– Правете самопрегледи еднаш месечно
– Постигнете и одржувајте здрава телесна тежина
– Бидете физички активни
– Избегнувајте или ограничете ја количината на конзумиран алкохол
– Дојте го вашето бебе
– Најдете заменска, нехормонална терапија за време на менопаузата
За жени со зголемен ризик од рак на дојка
Ако сте изложени на зголемен ризик за рак на дојка (на пример, затоа што имате силна семејна историја на рак на дојка, позната наследна генска мутација која го зголемува ризикот од рак на дојка, како што е генот BRCA1 или BRCA2, или сте имале DCIS или LCIS), има некои работи што можете да ги земете во предвид дека може да ви помогнат да ги намалите шансите за развој на рак на дојка (или да помогне да се открие рано):
– Генетско советување и тестирање за ризик од рак на дојка (ако веќе не е направено)
– Лекови за намалување на ризикот од рак на дојка
– Превентивна (профилактичка) хирургија
– Внимателно набљудување за да се бараат рани знаци на рак на дојка
Лекарите во „Жан Митрев“ може да ви помогнат да го одредите ризикот од рак на дојка, како и да ве советуваат која од овие опции може да биде соодветна за вас, доколку ги има потреба. Во клиниката „Жан Митрев“ по повод 4 февруари Светскиот ден на карциономот, дел од прегледите за дијагностика се со намалени цени во период од 7 февруари до 31 март.
„Преку инвестирање, поголем пристап до информации, навремена дијагностика и лекување се зголемуваат шансите за преживување канцер. Ние во „Жан Митрев“ се приклучуваме кон иницијативата за информирање и навремена дијагностика по намалени цени. Во периодот од 7 февруари заклучно 31 март прегледите: ехо на дојка, 2Д, 3Д мамографија, компјутерска томографија на бели дробови и видеодермоскопското мапирање на кожата се на половина цена“, известуваат од клиниката.