Ресторанот „Гранче“ најави дека од денес, втората недела во март ќе ја прослават во име на борбата за родова еднаквост преку посебна програма која ќе понуди и од досега докажаните превкусни јадења.
„Втората недела во март ќе ја прославиме во име на борбата за родова еднаквост. Оваа недела во нашето Гранче освен досега докажаните кулинарски содржини ќе понудиме и програма со која сакаме да ја истакнеме и нашата заедничка заложба за еднаквост. Свесни дека не е само март месец за еднаквост, а помалку 8-ми март ден за цвеќе, би сакале симболички да почнеме од тука дружејќи се цела недела женски. Оддавајќи им признание на решетилните хероини од минатото кои го трасираа патот на еднаквоста, цела недела ќе се дружиме и со девојките и жените кои денес ја продолжуваат женската борба на мноштво рамништа. Храна, музика, перформанси, разговори, насмевки и взаемно бодрење“, велат од „Гранче“
„Гранче“ е ресторан кој се стреми да понуди уникатно искуство. Тежнеат кон користење на свежи, локални, сезонски производи кои ги избираат со голема грижа и внимание.
„Сè што правиме е приготвено секојдневно од нашиот прекрасен тим во кујна и послужен од тимот со подеднаков ентизијазам. Сакаме да креираме комфорни јадења, кои вооедно изненадуваат и воодушевуваат. Тоа го правиме црпејќи инспирација од македонски традиционални рецепти на кои им даваме твист или со експериментирање на нови вкусови и техники. Се трудиме да бидеме општествено одговорна компанија, грижејќи се за своите вработени, заедницата и природата“, велат одговорните од ресторанот.