Втора година по ред, на 22 јуни во Белград, ќе бидеме сведоци на епскиот музички настан Red Bull SoundClash!
На овој глобален музички спектакл, две музички ѕвезди се соочуваат на сцена, наизменично изведувајќи свои и песни од противникот, како поединично, така и заедно.
Оваа сабота, на белградското пристаниште, ќе се соочат легендарните Марија Шерифовиќ и Релја. Марија ќе ја брани црвената боја на својата сцена, Реља сината, а публиката во средина ќе има клучна улога – да одлучи кој е победникот во овој епски дуел!
Загревањето ќе започне со нивните најголеми музички хитови кои наизменично ќе ги пеат Марија и Реља, по што започнува вистинската музичка битка. Публиката ќе ја има единствената можност да ги гледа Марија и Реља во сосема поинакво светло, а за првпат ќе го слушаме Реља во придружба на бенд.
Без разлика дали си #teammarija или #teamrelja, едно е сигурно – 22 јуни ќе биде вечер за паметење, исполнета со адреналин, врвни вокали и одлична атмосфера.
Дознај ги сите информации за Red Bull SoundClash на официјалната страна на Red Bull Србија, како и на нивните Instagram & TikTok профили.