Летото добива нова димензија за тинејџерите! Организацијата „Шарам“ со огромно задоволство го најавува второто издание на „ПроШарај Тинејџ Камп“, уникатен дво-дневен настан што ќе се одржи од 8 до 10 август 2025 година на прекрасната Попова Шапка. Оваа иницијатива има за цел да ги доближи младите до планинскиот свет преку авантура, образование и дружење, токму пред стартот на новата учебна година.
Камп за тинејџери од 14 до 18 години
Сместен во срцето на Шар Планина, кампот има за цел да ја поттикне љубопитноста и љубовта кон природата кај тинејџерите. Со база во Конак, Попова Шапка, кампот е замислен како можност за младите да научат нови вештини, да се поврзат со врсници и да го истражат авантуристичкиот дух на планината.
Што ги очекува учесниците?
Во соработка со искусни и лиценцирани младински водичи и педагози од ПК „Љуботен“ Тетово, Ски-школа „Љуботен“ и ЕЛС „Пегасус“ Тетово, учесниците ќе бидат безбедни и под стручен надзор на обучени и лиценцирани спасители. Агендата на кампот е богата и поделена во клучни сегменти:
- Основи на планинарење и планинарски правила
- Скаутинг и камперски вештини
- Две лесни планинарски тури
- Камперски игри
- Посета на ПК „Љуботен“ и Шара Инфо Центар
Како дел од активностите, секое дете ќе добие брендирано лонче со карабинер, а ќе засадат и зимзелено дрвце – симболичен чин кој го негува еко-сензибилитетот.
А1 Македонија – Поддршка за здрава дигитална иднина
Од оваа година, А1 Македонија е официјален поддржувач на „ПроШарај Тинејџ Кампот“, со фокус на дигиталната едукација и одговорно онлајн присуство. Преку програми и активности, А1 ги поддржува младите во развој на безбедни и здрави дигитални навики.
Активности поддржани од А1 Македонија:
- Панел дискусија „Подобар онлајн“
- Птичарење
- Фото конкурс „Подобар офлајн“
Како да се пријавите?
Кампот функционира по принципот „прв пријавен“, заради ограничениот број места и гарантирање на квалитетно искуство.
Котизација: 3.000 денари, што вклучува:
- Превоз Тетово – Попова Шапка – Тетово
- Храна: 3 оброци + 2 ужини дневно
- Шатори и подметачи (доколку немате, известете навреме)
- Патничко осигурување
- Стручен кадар (водичи, спасители, педагог, доктор)
Збирно место: ПК Љуботен Тетово
Поаѓање: 8 август во 12:00 часот
Враќање: 10 август во 18:00 часот
Краен рок за пријавување: 6 август 2025 година
Што треба да понесат учесниците?
За удобно и безбедно искуство, потребна е следна опрема:
- Планинарски обувки
- Ранец
- Јакна и топла облека
- Облека за топло и ладно време
- Високи чорапи
- Капа, ракавици
- Батериска лампа
- Средство против инсекти
- Крема за сончање и очила
- Камперска вреќа и подлога
- Средства за лична хигиена
- Шише за вода
Контакт за пријавување и информации:
- Пегасус ЕЛС: 070 329 979
- Ски Школа Љуботен: 078 604 229
- Шарам: 077 895 581
„Нашата цел е преку оваа авантура на Шар Планина да ги запознаеме тинејџерите со убавините и предизвиците на планината, да им всадиме љубов кон природата и да ги едуцираме за одговорно однесување во неа,“ велат од организацијата „Шарам“. „Веруваме дека ова искуство ќе им помогне да стекнат нови пријателства, да развијат вештини за живот во природа и да ги наполнат батериите пред стартот на новата учебна година.“