Со доаѓањето на пролетта, нашата кожа како и природата – се буди. По студените зимски месеци, кога кожата често е дехидрирана, сува и без сјај, пролетта е идеален момент да ѝ овозможиме нов почеток. Еден од најефективните и наједноставни чекори за обновување и освежување е редовната употреба на маски за лице. Без разлика дали се за хидратација, детоксикација, смирување или осветлување, маските се брз и концентриран начин да ѝ дадеме на кожата токму она што ѝ недостасува. Но, клучот не е само во типот на маската – туку и во континуитетот. Редовната нега создава навика, а навиката гради резултати. Издвоивме неколку ефективни маски од различни брендови кои вреди да ги вклучите во пролетната рутина.
EISENBERG Paris – Masque Tenseur Remodelant
Оваа луксузна маска од Eisenberg е вистински третман за заморена кожа што има потреба од моментално подигнување и сјај. Формулирана со иновативниот Trio-Molecular® комплекс, таа делува интензивно за да ја зацврсти, измазни и ревитализира кожата. Идеална е за лице и пределот околу очите, а ефектот е видлив веднаш по нанесување – кожата изгледа посвежо, пополнето и посветло. Совршена е за оние денови кога ти треба „фејс-лифт“ за само 15 минути.
ARTDECO Skin Yoga Face – Hyaluronic Intensive Face Mask
Интензивно хидрирачка и смирувачка, оваа хијалуронска маска од линијата Skin Yoga на ARTDECO е вистински спас за дехидрирана и уморна кожа. Богата со хијалуронска киселина со различни молекуларни големини, таа овозможува длабинска и долготрајна хидратација, враќајќи ѝ на кожата мекоста, еластичноста и свежината. Идеална е за пролетниот период кога кожата жеднее по влажност по долгата зима. Со редовна употреба, кожата станува видливо посјајна, мазна и полна со живот.
SHISEIDO Vital Perfection LiftDefine Radiance Face Mask
Оваа двостепена sheet маска од Shiseido е врвен anti-aging третман кој ги редефинира контурите на лицето и му враќа сјајот. Благодарение на ReNeura Technology++™, маската делува со интензивно подигнување, затегнување и осветлување на кожата. Маската доаѓа во две посебни фази – една за горниот дел од лицето и една специјално дизајнирана за пределот околу вилицата и вратот, обезбедувајќи целосна нега. Идеална е за моментално освежување пред важен настан или како луксузен неделен третман.
BIOTHERM Life Plankton™ Mask – Integral Recovery Treatment
Оваа ноќна маска од Biotherm е вистински обновувачки еликсир за кожата. Обогатена со висока концентрација на Life Plankton™, познат по своите регенеративни својства, маската интензивно ја обновува, смирува и храни кожата додека спиеш. Има гел-текстура што лесно се впива, оставајќи ја кожата мека, еластична и видливо подмладена уште наредното утро. Совршена е за чувствителна, иритирана или уморна кожа – пролетен boost што се чувствува и гледа.
Medicube Zero Pore Blackhead Mud Mask
Оваа моќна кална маска од Medicube е создадена за темелно чистење на порите и намалување на црнките. Формулирана со комбинација од AHA, BHA и PHA киселини, таа нежно ги ексфолира мртвите клетки и ја подобрува текстурата на кожата. Со 30% прочистувачка глина, оваа маска ја апсорбира вишокот себум, го намалува изгледот на порите и остава чувство на свежина и чистота. Идеална е за мешана до мрсна кожа, особено во пролет и лето кога порите се повеќе активни.