Серијата „Adolescence“ го освои светот кога се појави на Нетфликс минатиот месец, достигнувајќи неверојатни 66.6 милиони гледачи во првите две недели. Драмата за 13-годишно момче уапсено за убиство првично беше замислена како мини-серија, но нејзиниот огромен успех ги поттикна разговорите за втора сезона.
Продуцентската куќа на Бред Пит, „План Б“, сега е во преговори за продолжување на серијата. Ко-претседателите на компанијата, Деде Гарднер и Џереми Клајнер, неодамна изјавија дека разговараат со режисерот Филип Барантини за можно продолжување на шоуто.
Иако деталите за потенцијалната втора сезона се чуваат во тајност, Гарднер и Клајнер навестија дека сакаат да ја „прошират перспективата“ и да останат верни на „ДНК-то“ на серијата, избегнувајќи повторување на веќе виденото.
Стивен Греам, кој ја игра улогата на таткото и претходно изјави дека постои можност за развивање на друга приказна.
„Adolescence“ постигна огромен успех на Нетфликс, искачувајќи се на четвртото место на листата на најгледани серии на англиски јазик на платформата, со импресивни 114.5 милиони прегледи од нејзиното објавување на 13-ти март. Серијата доби пофалби за нејзината извонредна нарација, уникатниот стил на снимање во еден кадар и импресивната актерска екипа, вклучувајќи го и младиот Овен Купер во главната улога.
Со оглед на огромниот импакт на серијата, вестите за потенцијална втора сезона предизвикаа возбуда кај фановите на социјалните мрежи, кои со нетрпение очекуваат да видат во која насока ќе се развива приказната.
„Adolescence“ е британска крими-драма мини-серија од четири дела, која дебитираше на Нетфликс на 13 март 2025 година. Серијата следи 13 годишно момче, Џејми Милер, кое е уапсено под сомнение за убиство на негова соученичка.
Она што ја прави серијата посебна е нејзиниот интензивен и реален пристап, бидејќи секоја епизода е снимена во еден непрекинат кадар. Овој стил на снимање му овозможува на гледачот целосно да ja доживее тензичната атмосфера и емоциите на ликовите.
Серијата ги истражува темите на адолесценцијата, насилството меѓу младите, влијанието на онлајн културата и последиците од траумата врз поединецот и семејството. „Adolescence“ доби широки критики за нејзината моќна сторија, извонредните актерски изведби и иновативниот режисерски пристап.
Успехот на серијата предизвика и национална дебата за безбедноста на интернет и влијанието на онлајн содржините врз младите. Креаторите на серијата беа поканети и на парламентарна средба за да разговараат за овие прашања.