Сѐ уште сте во потрага по нова маскара? Време е да престанете.
Со гордост го лансираме нашиот нов иновативен производ – маскара за очи која ви овозможува да ја надополнувате, без потреба од купување на нова. Овој пат во нашиот фокус е револуцијата која од овој месец Max Factor ја носи во светот на убавината. Max Factor брендот е омилен меѓу љубителите на квалитетни производи за шминка и ги следи сите, од оние кои избираат да нанесат само маскара и кармин до ентузијасти кои се играат создавајќи уметнички дела на своето лице.
Иако одвреме-навреме сакаме промени, тестирајќи нови производи, не сакаме да правиме компромиси кога станува збор за квалитетот. Една од првите работи при изборот на маскара останува нејзината формула и обликот на четката. Но, покрај маскарата која сакаме да ви ја претставиме, на крајот од оваа приказна ви ги носиме и сите детали за вредните награди кои можете да ги освоите, од кои една е и патување на Малдивите!
Што ја прави маскарата False Lash Effect Supreme Recharge посебна?
Таа ќе им даде на вашите трепки 7 пати повеќе волумен, поздрав изглед и сосема нова димензија на самодоверба. Таа е создадена за жени кои сакаат трепки кои раскажуваат приказна. Знаете за што зборуваме! Заводлив, драматичен и незаборавен изглед. False Lash Effect Supreme Recharge маскарата содржи серум збогатен со кератинска формула, поради што оваа маскара ги храни трепките, правејќи ги посилни и погусти со секој потег.
Нејзината уникатна четка ја доловува секоја трепка од коренот до врвот, создавајќи ефект на лажни трепки, но без компромис на природноста.
Дополнителен бонус? Дополнително ќе бидете задоволни што овој елегантен дизајн овозможува лесно полнење за помалку од една минута, а секое полнење ја намалува количината на пластичен отпад за 70% во однос на купување на производ со нова амбалажа
Значи, ако сте во таа група која е лојална на дизајнот и формулата што ја избира – само што сте го пронашле својот омилен производ.