Со уникатен и препознатлив стил само за Juliette has a gun, го обележавме доаѓањето на Lust For Sun. Во прекрасна градина покрај базен, додека сончевите зраци нежно ја милуваа водата во синиот базен, гостите уживаа во нотите на сензуалниот мирис и дружба која долго ќе се памети.
Сонцето се искачи високо на азурното небо. Бојата во базенот е чисто сина. Juliette на своите потпетици зачекори на сцената. Време е за забава!
Базенот е нејзиниот театар каде таа ја има водечката улога. Нејзината модна писта доминира со разиграност и софистицираност. Нејзината самодоверба е беспрекорна. Дрска, женствена, провокативна, дури ни нејзиното фламинго не може да одолее. Стоечки овации. До работ на базенот, LUST FOR SUN : нејзиниот препознатлив мирис. Сензуален мирис кој потсетува на сончеви зраци врз топлата и златна кожа.
“Новиот мирис е ода на радоста од летото. Кожата е предадена на сонцето исполнето со ветувања. Замислив ново игралиште за нашата Juliette: нејзиниот базен. Магични декорации, каде нашата дива ги поставува правилата и очекува од нејзината придружба да ги исполни сите нејзини желби. Сите се соодветно облечени, дури и розевото фламинго носи шал додека заедно позираат за селфи..Разиграна слика за ерата во која живееме каде што социјалните мрежи и постојаното сценирање на нашите животи нè поттикнуваат да бидеме уште поекстравагантни”.-Romano Ricci
Горни ноти: фрезија, кокос, бергамот
Средни ноти: уланг-иланг, монои, цвет од портокал, гарденија
Долни ноти: ванила, амброксан, мошус
Прославувајќи ја топлината на летото, шишето рефлектира жолти нијанси на топло сонце. Засилено со сјајното метално капаче, LUST FOR SUN шишенцето е блескав примерок, совршен одраз на самата Juliette.
LUST FOR SUN веќе е во парфимериите: Belodore, FABUspot и Cosmo Tinex. Побрзајте по својот примерок!