Уметноста ретко може да се заузда или врами. Налик силен порив таа секогаш успева да пронајде нови форми, облици и површини врз кои може да се манифестира во полн сјај. А кога иницијативата ќе ја поддржи локален бренд со чувство за естетика, резултатот се новите Limited edition дизајнирани лименки од Златен Даб.
Честа да дизајнираат лименка Златен Даб ја имаат четворица локални артисти, Руку Чуки, Елена Чемерска, Никола Радуловиќ и Ване Костуранов. Секој од нив, инспириран од пивото, но и од сопствени мотиви, задржувајќи го препознатливиот ликовен израз, креираше уникатна лименка. Иако различни, четирите лименки содржат унифицирана палета на бои, тонови и поттонови, што ја заокружуваат едицијата, давајќи ѝ препознатлив вајб и заеднички визуелен НЗС.
„Прекрасно е да се биде дел од една приказна во која луѓето ја вложуваат својата фантазија. Мислам дека е супер идеја што Златен Даб со Limited Еdition секоја година отвора простор за креативна размена со навистина голема публика“ изјави дизајнерката на една од лименките, Елена Чемeрска, додека Ване Костуранов изјави:
„Идејата за Limited edition и вклучување на уметници од различни сфери е одлична, тоа е прекрасна можнoст за уникатна инспирација и креативно изразување“.
Златен Даб и понатаму останува да биде креативен бренд што ги поддржува локалните уметници и отстапува простор за креативно изразување.