Тиииит! Инк. објавува повик за графички/а дизајнер/ка за изработка на визуелниот идентитет на четиринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО.
Програмата на ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 се развива во тематската рамка:
МАЈЧИНСТВО
Ова издание на фестивалот ќе отвори простор за различни интерпретации на мајчинството надвор од доминантните идеализирачки и романтизирачки наративи. Во фокус ќе бидат политичката и општествената позиција на оваа претпоставена улога на жените — нивните тела, етиката на грижа, неплатениот труд, емотивната експлоатација, репродуктивното и менталното здравје, како и издржливоста, одржливоста, отпорот и различните полиња на солидарна борба.
ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 ќе биде посветено на мајкувањето како практика што ја надминува биолошката улога на жените и ја осветлува нивната клучна позиција во борбата против општествен и еколошки колапс.
Обврски на избраниот/ата дизајнер/ка
- Изработка на визуелен идентитет што ги рефлектира вредностите на Тиииит! Инк. и тематската рамка „Мајчинство“
- Дизајн на постер за четиринаесеттото издание на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО
- Адаптација на дизајнот за поединечните настани од програмата (онлајн и офлајн материјали)
Очекувања
- Познавање на феминизмот и родовите прашања и критички однос кон општествените теми
- Подготвеност за работа со комплексна и повеќеслојна тематска рамка
- Запознаеност со ставовите и визијата на Тиииит! Инк. и фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО
- Претходно искуство со слични ангажмани или соработка со организации е пожелно, но не е задолжително
Временска рамка
Ангажманот започнува со потпишување договор со избраниот/ата дизајнер/ка (најдоцна до април) и трае до завршувањето на фестивалското издание ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 во текот на 2026 година.
Финансии
Надоместокот за ангажманот ќе биде договорен со избраниот/ата кандидат/ка.
Начин на пријавување
Заинтересираните дизајнери/ки треба да пополнат Google формулар и да ги достават следните материјали:
- кратка биографија
- портфолио со претходни работи
- (по избор) предлог дизајн инспириран од тематската рамка
Апликациите со и без предлог ќе се разгледуваат еднакво.
Избраните кандидати/ки ќе бидат поканети на интервју за понатамошна дискусија за можната соработка. Кандидатите/ките кои нема да бидат избрани ќе бидат земени предвид за идни ангажмани.
Краен рок за пријавување: 27 февруари 2026
За повеќе информации:
tiiiit.inc@gmail.com


