Во исклучително мотивирачка и позитивна атмосфера и со стотици присутни се одржа
првата забава HalkMatinèe што помина во знакот на поддршка на женската финансиска
независност и рамноправност.
„Three Kitchen & Bar“ беше местото што ги собра сите оние што ја поддржуваат идејата за
поддршка на женското претприемништво и финансиската независност на жената. Пред
присутните беа презентирани промотивниот пакет на Халкбанк наменет за жени
претприемачи, новите дизајни на бизнис-картички за жени Mastercard и креациите од
втората едиција на „Фустани со џебови“. А, освен тоа, беше воден и инспиративен
разговор со Јана Клопчевска, Александра Бела Белчева и Ивона Трајановска, кои како
успешни претприемачки ги споделија личните искуства, предизвиците и успесите во
водењето на сопствените бизниси.
Уникатните креации – фустани со џебови на македонските модни креатори/-ки Јована
Филиповиќ, Ирина Тошева, Наталија Терзија и Марјан Бебекоски беа изложени и
достапни за продажба, а сите средства собрани од продажбата ќе бидат донирани во
интервентниот фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно
насилство.
Останатите фустани, кои се дел од оваа донациска активност, сè уште може да се
погледнат и да се купат со само неколку клика на: https://portret.digital/product-
category/shop/.
Погледнете дел од атмосферата на првото издание на HalkMatinèe:
Постојана и посветена женска поддршка: одржано првото HalkMatinèe во организација на Халкбанк Фотограф: Александра Костадиновска
мај 18, 2024