Гледачите на Олимписките игри во Париз ќе седат на седишта направени од рециклирана пластика. Летните олимписки игри што ќе се одржат следната година во Париз ќе промовираат одржливост и ќе ја развиваат свеста за рециклирање на креативни начини.
„Постоеше недостиг на материјали, што доведе до тоа многу производители да се префрлат на отпадот“, вели Мариус Хамелот, ко-основач на еко-градежната фирма „Le Pavé“ која стои зад иницијативата.
„Производителите на пластика целосно престанаа да работат, не затоа што немаше повеќе нарачки, туку затоа што немаше повеќе материјал. Така тие се префрлија на секторот за отпад“, додаде тој.
И покрај логистичките предизвици и оптоварувањата на глобалните синџири за снабдување, шемата за седење е дел од пошироките напори да се намали еколошкиот отпечаток на Олимписките игри, кои ветуваат дека ќе бидат најзелените досега. Организаторите кажаа дека ќе ги намалат емисиите на половина во споредба со претходните Олимписки игри со користење на постојните структури, охрабрување на употребата на јавниот превоз и неутрализирање на јаглеродот.
Седиштата на олимписките локации како што Арената во Порт де ла Шапел и центарот за водни спортови во Сен Дени ќе бидат направени од рециклирана пластика. Околу 11.000 седишта ќе бидат направени од рециклирани материјали.
Како пластичниот отпад ќе биде претворен во олимписки седишта?
Компанија за рециклирање од Париз „Lemon Tri“ направи соработка со фирмата „Le Pavé“ за да собира пластичен отпад и да го претвори во изрендани пластични остатоци. Овие остатоци се мешаат за да се добие еднаква дистрибуција на бои, затоплени и компресирани во машини. Резултатот од ова е серија на бели или црни пластични листови со флеки од боја. Листовите се обработуваат и се праќаат на партнерските компании во Франција за да бидат исечени и составени, по што ќе се добијат олимписките седишта. Веќе се работи на продуцирањето на седиштата и тие ќе бидат поставени на есен.