Почитувани, ве информираме дека на 12.11.2025 година во 19 и 30 часот во просторот на КСП ЦЕНТАР – ЈАДРО ќе се отвори изложбата ,,Плацебо” на авторот Иван Аџиевски. На својата шеста самостојна изложба авторот ќе престави уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од секојдневниот стрес и визиуелизација на една друга реалност и димензија. Изложбата е подржана од Општина Центар – Скопје.
Иван Аџиевски роден во Скопје 1985 година, завршува правен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба BEAUTY SPOT во галерија Концепт 37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со престава на женски лик и акт во експесионистички и кубистички манир.
На својата втора самостојна изложбa BEAUTY SPOT II во 2022 година во галерија КСП Центар Јадро престави 24 слики работени во различни сликарски медиуми и материјали со делумна апстракција и енформел кои беа продолжеток на предходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти кубистички претставени.
На третата самостојна мултимедијална концептуална изложба ,,ФОРМИ НА СИСТЕМОТ’’ – дел од програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година авторот се престави со слики, инсталации, склптура и видео проекција кои имаа за цел потикнување на јавен диалог и креативен активизам за надминување на корупцијата како економски и политички проблем.
На својата четврта самостојна изложба при Центарот за современи уметности -ЦСУ во 2024 година презентира слики на кои се прикажуваат (во реалноста непостоечки) монументи подигнати во презентираниот простор од Македонија во чест на неродените и отселените граѓани од државата како критицизам за постоечката економскосоцијална состојба во државата како причина за миграција.
На петата самостојна изложба насловена ,,Beauty Spot III“ беа изложени 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои беше преставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција кои се продолжеток на насликани девојки и женски акти преставени на изложбите Beauty Spot 1 и 2. Изложбата беше дел од програмата на Центарот за современи уметности за 2025 година.
На својата шеста самостојна изложба насловена ,,Плацебо“ ќе бидат преставувени уметнички слики изработени од алтернативни медиуми на платно на кои ќе бидат застапени абстрактно насликани форми со минимален медитативен наратив со цел предизвикување на плацебо ефект кај гледачот за негово ослободување од секојдневниот стрес и визиуелизација на една друга реалност и димензија.

