Во пријатна и опуштена атмосфера, љубителите на парфеми, инфлуенсери и медиумски претставници имаа можност да присуствуваат на специјален бранч посветен на парфемската линија на Pepe Jeans London.
Настанот беше посветен на запознавање со парфемскиот идентитет на брендот, кој веќе со децении ја негува урбаната естетика инспирирана од Лондон. Основан во 1973 година во областа Portobello Road, Pepe Jeans London е бренд кој својата автентична приказна ја гради на спојот меѓу младинската култура, уличниот стил и индивидуалниот израз.
Денес присутен во повеќе од 60 земји низ светот, брендот својот препознатлив карактер успешно го пренесува и во светот на парфемите, нудејќи современи, смели и урбани мириси наменети за самоуверени личности.




Посебно внимание на настанот беше посветено на машкиот парфем So Bold, како и на неговата поинтензивна верзија So Bold Intense. Со дрвен-ароматичен карактер, свежо отворање и топла, сензуална база, овој мирис ја симболизира слободата, самодовербата и динамичниот урбан стил.
Голем интерес предизвика и женската линија Bright, која со својата комбинација од свежи цитрусни ноти, цветно срце и топла база ја отсликува енергијата на модерната, самоуверена жена. Верзијата Bright Intense нуди подлабок и понагласен карактер за оние кои преферираат поинтензивни мирисни доживувања.
Со околу 25 различни парфеми во своето официјално портфолио, Pepe Jeans London, преку колекциите Celebrate, Black Is Now, Addictive и Addictive Indulgence, продолжува да ја зацврстува својата позиција на современата парфемска сцена.
Бранчот помина во знакот на инспирација, разговори и размена на впечатоци, оставајќи простор за нови мирисни откритија и уште една средба со препознатливиот стил на Pepe Jeans London.


