Македонскиот моден бренд “Be.” постигна значаен успех на меѓународната сцена – фотографија од нивната најнова, сè уште необјавена колекција Be. WANTED е објавена на престижната платформа Photo Vogue. Ова признание ја позиционира “Be.” како дел од глобалниот креативен дијалог во современата мода и уметност.
Фотографијата, дело на креативниот фотограф Дарко Митев, е снимена во рамките на фотосесијата за Be. WANTED, колекција што официјално ќе биде достапна за продажба во недела попладне. Со ова објавување, “Be.” се придружува на реномираните уметници кои преку Photo Vogue ја обликуваат визуелната култура и ги поставуваат новите естетски стандарди.
Photo Vogue, дел од глобалната Condé Nast мрежа, претставува платформа која ги курира и поддржува најталентираните фотографи, дизајнери и визуелни уметници од целиот свет. Со 6.000+ креативци, 37 брендови на 26 јазици во 32 пазари, оваа платформа ги слави различноста, инклузивноста и уметничката експресија. Фактот што “Be.” е дел од оваа ексклузивна селекција говори за автентичноста и уметничката вредност на брендот.
Со лансирањето на Be. WANTED, брендот продолжува да ја негува својата уникатна визија и да го редефинира начинот на кој модата комуницира со уметноста. Останува да се види како новата колекција ќе биде прифатена, но едно е сигурно – “Be.” веќе испраќа јасна порака дека македонската мода има што да каже на глобално ниво.