Новиот проект на Matej Foltz и Young Dadi, ,,Лавиринт”, издаден под музичката продукција ZIMA Entertainment, е првата соработка помеѓу двајцата артисти, кои приватно се пријатели веќе неколку години.
Инспирирани од артисти како Technotronic, Robin S. и Fatboy Slim, песната има иновативен звук кој прави кохезија од звукот на електронската и house музиката од 90тите години со модернизирана продукција и селекција на инструменти зад која стојат Hyper, Dimmlak, Andrejnik, Димитар Николов и Nacaratt, како и Марко Гелев заедно со Dimmlak во улога на извршни продуценти.
Автори на текстот се Matej Foltz, Марко Гелев и Young Dadi, кои преку заразни мелодии сликовито опишуваат токсична љубовна врска која веќе го има изгубено своето значење.
Видео записот е визуелна репрезентација на звучната естетика на песната и е снимен од страна на долгогодишните соработници на ZIMA, Frozen Time Drops, со Matej Foltz и Ангела Стојковска како режисери.
Заедно свежите outfit-и за кои се погрижи Александра Трпеска – Majestic како стилист и култните фризури на артистите зад кои стои Бобан Тодоровски, проектот дава омаж на културата од 90тите и раните 2000ти години, но со модерен шмек.
Погледнете го спотот.
Повеќе BTS фотографии :