Леана Таќи, позната под уметничкото име Леа, го објави својот втор сингл откако во октомври го најави својот прв самостоен албум. Новата песна со наслов „Мрак“ е реализирана со истата креативна екипа која стои зад претходниот сингл „Чекање“, продолжувајќи ја нејзината интимна и емоционално зрела музичка линија.
Леа се потпишува како автор и текстописец на песната, додека на аранжманот учествуваат Виктор Николовски на бас-гитара, Никола Петровски – Џими на гитара, Стефан Илиевски – Лорд на пијано и Емил Спиркоски на тапани. Аудио миксот и мастерингот се изработени од Дамир Пух во GreenRoom Sound Studio.
„Мрак“ е веќе достапна на YouTube, а во наредниот период ќе може да се слуша и на сите релевантни стриминг платформи.

