Новинарите Мариа Реса од Филипини и Дмитриј Муратов од Русија се овогодинешните добитници на Нобеловата награда за мир откако норвешкиот комитет ја препозна значајната работа да има независни медиуми во една демократија и предупреди дека независноста на медумите е под сериозна закана.
„Слободното, независно и новинарство на основа на факти служи за заштита против злоупотребата на моќ, лагите и воената пропаганда“, кажа Берит Реис-Андерсен, претседателката на Норвешкиот комитет за Нобелова награда, истакнувајќи дека двајцата новинари се „храбри борци за слободата на изразување која е предуслов на демократијата и долготрајниот мир“.
Мариа Реса е поранешна уредничка на Си-ен-ен бирото во Филипини и на „Раплер“, веб страницата за вести основана од неа во 2012 година. Таа се има соочено со неколку криминални обвиненија и истраги по објавувањето на неколку стории критични настроени кон претседателот Родриго Дутерте и неговата крвава војна со дрога.
Во емотивен коментар објавен на Фејсбук страницата на „Раплер“ таа кажа: „Ова е признание за тоа колку е тешко да си новинар денес. Колку е тешко да се продолжи со нашата работа… признание за тешкотиите но и надеж за тоа како ќе ја добиеме битката за вистината. Битката за фактите.“
Дмитриј Муратов кој е еден од основачите на независниот везник во Русија „Новаја Газета“ од 1993 година, е главен уредник на весникот уште од 1995 година. Тој по добивањето на наградата изјавил „Ќе продолжиме да го претставуваме руското новинарство кое моментално е под опресија. Тоа е сè.“
За него наградата е за весникот и за сите оние кои починале бранејќи го правото на слободно изразување.
Според последните светски статистики на „Репортери без граници“ ситуацијата со слободата на медиумите е „тешка или многу сериозна“ во 73 проценти од 180 земји каде се спроведувало истражувањето, а „добра или задоволувачка“ во само 27 проценти. Обидите да се замолчат независните медиуми – преку физичко насилство и цензура како и финансиски тешкотии – се зголемуваат во целиот свет.
Реса и „Раплер“ во неколку наврати документирале како социјалните медиуми се користат да се шират лажни вести, да се малтретираат противниците и да се манипулира јавниот дискурс. За „Новаја Газета“, Нобеловиот комитет, пак, кажа дека е најнезависниот весник во Русија, со фундаментално критичко однесување кон позициите на моќ.
Меѓу номинираните оваа година беа и активистката за животна средина Грета Танберг, белоруската активистка за човекови права Свјетлана Тсиканоскаја, и затворениот руски опозиционер Алексеј Навални.
Извор: www.theguardian.com