Греено вино, печени костени, лизгање на мраз, добро пиво и колбаси, рачно изработени подароци, се само мал дел од нештата во кои можете да уживате на некој од надобрите божиќни базари во Европа. Втората половина од ноември е резервиран за нивното отварање и почеток на празничната атмосфера. Издвојуваме 5 најдобри базари во Европа кои можете да ги посетите оваа година.
1.Виена, Австрија
Почеток: 11 ноември
Лизгање на мраз во магичната божиќна атмосфера во Виена, безброј мали куќички со рачно изработени традиционални дрвени играчки, сапуни, подароци, распослани по тесните улички на стариот град. Греено вино и вкусна храна.
2.Прага, Чешка
Почеток: 2 декември
Прекрасната Прага е совршено место за празничната сезона. Придружете им се на локалците и наместо греено вино, напијте се чаша топол рум, вода, лимон и шеќер. Освен прекрасната атмосфера, она што веројатно ќе ве задржи подолго да останете на базарот е превкусната храна: леб со лук и сирење, топли палачинки, врели колбаси, греено цитрусно вино и мирис на цимет што се шири низ целиот плоштад.
3.Стразбург, Франција
Почеток: 24 ноември
Најбајковитиот божиќен базар со повеќе од 300 традиционални штандови на централните плоштади во градот. Божиќни колачи, колбаси, рачно насликани украси и опкружување како од книга.
4.Будимпешта, Унгарија
Почеток: 18 ноември
Осветлувајќи го градот со божиќните светла уште во средината на ноември, Будимпешта секоја година се појавува со два големи божиќни базари: Vorosmarty Square и Basilica. Божиќни ласерски проекции, лизгалиште околу огромната елка, штандови со храна, ракотворби, бесплатни концерти.
5.Талин, Естонија
Почеток: 1 декември
Прекрасна празнична сцена со дрвени тезги од локалните уметници и занаетчии, сместена во магичниот средновековен град, со калдрми и покриви прекриени со снег и најголемата естонска елка што се поставува пред градското собрание уште од 1441 година.