Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси.
Заедно со нашите соработници Роса вода ја почнуваме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која ќе имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата во пролет и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот. Во првата епизода наши гости беа водителите Цеце и Марко, кои ни раскажаа како го негуваат својот дух, како се грижат за себе и своите најблиски и колку е важно човек да е во допир со природата.