Велат дека водата е движечка сила на сите живи суштества на нашата планета. Водата е живот, водата е постојано движење, тек на постоењето, водата е природен показател на сите животни промени и циклуси. Заедно со нашите соработници Роса вода ја создадовме рубриката ,,На прошетка со Роса”, во која имаме можност да поразговараме со интересни соговорници, да уживаме во убавините на природата во пролет и секако да слушнеме инспиративни мисли и практики за здрав живот.
Во новата епизода од „На прошетка со Роса“ разговаравме со креаторката и инфлуенсерка Маја Кикириткова Трајковски и талентираниот фризер и мејкап артист Бобан Тодоровски. Тие ни открија детали за своите дневни навики, ритуали и стремежот кон поздрав и балансиран живот. Не пропуштајте да дознаете како успеваат да останат мотивирани и инспирирани во секојдневието!