Националниот музеј дел Прадо во Мадрид направил уникатна изложба околу уметничкото дело „Сетило за мирис“ од Јан Бројгел и Рубенс. На „Сетило за мирис“ е насликана градина, со дрва растенија и животни. Целта на сликата била да поттикне разен опус на мириси кои ќе бидат распознаени од личноста што ја гледа. Но музејот Прадо отишол еден чекор понатаму. Во партнерство со Фондацијата за парфимериска академија и модниот бренд „Пуиг“ музејот направил десет различни мириси за да ја оживее сликата за посетителите.
Користејќи технологија развиена од „Пуиг“, парфимерот Грегорио Сола создал 10 различни мириси кои соодветствуваат со различните елементи на сликата. Со помош на четири дифузери, различните мириси може да се почувствуваат кога посетителите го користат екранот на допир поставен пред делото. Ноти на есенцијални масла од портокал, цветна арома од јасмин и рози, влажен и дрвенест мирис на дрво од смоква, а исто така има и мириси од ириси, нарциси и други цвеќиња. За да се почувствува мирисот од животните на сликата користена е синтетичка замена за мукусната течност од жлездата на животното цибет (мало животно од Африка слично на мачка или куна кое има жлезда од која лачи маст со многу остар мирис) и мириси од кожни ракавици.
Сликата е дел од серија во пет дела наречени „Петте сетила“ од Јан Бројгел. Насликани помеѓу 1617 и 1618, Бројгел сакал секое дело да ја евоцира моќта на петте сетила: вид, слух, мирис, вкус и допир.
Оваа слика ја нацртал со неговиот пријател Рубенс кој придонесол за алегориските фигури на сликата.
Откако е поставена изложбата е вистински успех за музејот и донела многу посетители иако е поставена во мала соба која собира само дваесет луѓе во исто време.
Извор: Euronews