• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • март 2021
  • февруари 2021
  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

МВР ме прави огорчена и лута

март 2, 2021

Види

Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

март 1, 2021

Види

PMGJAZZ со три концерти во живо во МКЦ

февруари 25, 2021

Види

Победници на отворениот повик за креативни идеи на тема „Другите“

февруари 23, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Живот и Култура

„Монументал.мк“ – тура околу бруталистичката архитектура низ Македонија
Автор: Марта Стевковска

февруари 11, 2021

„Монументал.мк“ – тура околу бруталистичката архитектура низ Македонија

Алтернативната туристичка понуда за бруталистичката архитектура низ Македонија, „Монументал.мк“ ги нуди спомениците и градбите од поранешна Југославија, како дел од регионалната Балканска споменична тура. За создавањето на оваа понуда разговараме со Мишо Докмановиќ, претставникот на проектот.

Како дојдовте до идејата за „Монументал.мк“, која е целта?

Пред неколку години во Њујоршкиот музеј МОМА беше организирана мошне успешна изложба на уникатната југословенска архитектура создадена во социјалистичкиот период. Тоа претставуваше иницијалната каписла за создавањето на оваа нова алтернативна туристичка понуда која е дел од регионалната Балканската споменична тура. Монументал МК беше реализирана во рамките на проектот „Споменици и бруталистичка архитектура во Северна Македонија: Поттикнување на туристичката промоција за поддршка на локалниот развој“ имплементиран од страна на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ. Проектот е финансиран од грант на Проектот за развој и промоција на туризмот на Регионалниот совет за соработка и Европската Унија во обид да се придонесе за растот и конкуренцијата на шест економии од Западниот Балкан преку поддршка за развој и промоција на заедничката регионална, културна и алтернативна понуда.

Колку и кои споменици и градби се дел од „Монументал.мк“ и како изгледа нивното претставување?

Во турата се опфатени околу триесетина локации во Скопје и во неколку градови во нашата земја, од кои дел се наоѓаат во близина на автопатот А1 („Пријателство“) што ги прави и идеално место за попатна пауза. Турата комбинира меморијални комплекси, споменици, но и локации со специфична модернистичка и бруталистичка архитектура. Ве охрабрувам да ја преземете бесплатната мобилна апликација Monumental MK (достапна на 5 различни јазици) и да дознаете повеќе за овие фасцинантни локации. Освен локации во главниот град, во апликацијата се опфатени и локации во Велес, Кочани, Кичево, Прилеп, Штип, Кавадарци итн.   

Спомен Костурница Велес
Спомен Костурница Кавадарци

Колку сметате дека бруталистичката архитектура може да биде добра основа за поголем број туристи во Македонија?

Апсолутно -да. „Монументал.мк“ е инспирирана од зголемениот интерес на странските туристи за заборавеното споменично и архитектонско наследство од социјалистичкиот период. Главната цел на нашата иницијатива беше да се поттикне локалниот развој преку мапирање на локации и развој на нова и автентична тура која домашните и странските туристи ќе можат да ја искусат преку користење на нови иновативни алатки за туристичка промоција. Најголем дел од локациите се на отворено, а домашните и странските туристи може да ги посетат и во услови на пандемија. Активно работиме на промоција на овие локации, но и на нивно вклучување во понудата на туристичките агенции, се разбира кога ќе бидат создадени услови за тоа.

Телекомуникациски центар

Дали зачувувањето и промоцијата на оваа архитектура треба да се прошири не само кон спомениците туку и кон некои запуштени градби, на пример главната зграда на Македонски пошти, Железничката станица во Скопје, па дури и станбени згради и блокови изградени во овој стил?

Овие локации кои ги наведувате (Транспортен центар, Телекомуникациски центар итн.)  се вклучени во „Монументал.мк“ иако се водевме од премисата дека треба да бидат опфатени локации кои се подготвени за туристи односно не се целосно запуштени. Не треба да се заборави дека дел од овие споменици се вандализирани особено во периодот по осамостојувањето на Македонија. На неколку објекти локалните и националните власти имаат спроведено проекти за реконструкција или ревитализација, но се чини дека е потребно создавање на поодржливо решение во делот на одржувањето на неколку објекти. Неопходно е овие локации да бидат подготвени за туристите. Доколку не постојат елементарни услови за посета, нема поента истите да се вклучуваат во туристичката понуда.

Македониум Крушево

Досега за кои споменици и градби низ Македонија имало најголем одзив од домашни и странски туристи?

За ова прашање е доста тешко да се даде конкретен одговор со оглед на фактот дека не се плаќаат влезници на поголем дел од локациите, па како резултат на тоа нема евиденција на број на посетители на одредена локација. Во секој случај, Македониумот во Крушево важи за еден од најпрепознатливите симболи на овој вид на архитектура не само во Македонија туку и во Западниот Балкан.

Лично, вас кое дело ви остава најголем впечаток?

Секоја од опфатените локации во Монументал МК е уникатна на свој начин. Сепак, доколку треба да издвојам, мојот избор е Костурницата во Велес која се наоѓа во непосредна близина на автопатот А1. Станува збор за уникатен објект во кој меѓу другото се наоѓа и еден од најголемите мозаици во Македонија од социјалистичкиот период, чиј автор е Петар Мазев. Од тие причини, во соработка со општината Велес, оваа локација ја брендиравме како „Македонска Герника покрај автопатот А1“ и преку проектот обезбедивме средства за изработка и поставување на инфо – табли. Се надевам дека и останатите локални власти во земјата ќе го сфатат значењето и потенцијалот на ова културно наследство особено во однос на развојот на локалната економија. Мојот тим ќе им стои на располагање за сите идни предизвици.

Сподели

Претходен напис

Ден за танц -…

Во Видео

Ден за танц - слободен стил со Леонардо Хусеини

Прочитајте повеќе

Следен напис

Македонски модели во најновото видео…

Во Видео

Македонски модели во најновото видео од PETA

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Мода

Нова линија на модни марами дизајнирани од Росица Мршиќ

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

МВР ме прави огорчена и лута

Прочитајте повеќе

Во Новости

Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Наталија Стојевска – „Сите ние, мажи и жени имаме подеднакво право на секс“

јануари 28, 2021

Види

Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

февруари 26, 2021

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

октомври 23, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment