Модната дизајнерка Мирјана Јосифоска ја претстави новата колеција на шапки и
модни додатоци именувана “Lavender Fields”. Колекцијата е создадена со цел –
спојување на македонската агрикултура со културата.
Колекцијата е инспирирана од полиња со лаванда кои се наоѓаат на висорамнината
Витачево, Тиквешија со надморска височина од 800-1000 метри, кои секоја година
ги одгледуваат Цветанка Колева и нејзиниот сопруг.
Преку употребата на занаетчиски техники и материјали од природно потекло,
дизајнерката создава уникатни модели, во обид да ја зачува традицијата на рачно
создадени шапки. Притоа, вреди да се напомене дека дизајнерката го има создаено
првиот бренд за дизајнерски шапки во земјава.
Употребувајќи материјали и конци од природно потекло, дигитално шаблонирање,
како и zero-waste техника на кроење кај одредени модели, Јосифоска се стреми да
создаде што поодржливи и поеколошкии производи, како и поддршка на
циркуларната економија во земјава.
Колекцијата се состои од производи како: шапки, свилени стегачи за коса и
марами, изработени од: свила, лен, памук и вискоза. Карактеристично е што
шапките и свилените стегачи се инспирирани, дизајнирани и именувани по познати
женски ликови.
Модниот едиторијал е снимен во полето со лаванда на Колеви во Витачево.
Фотографка е Меланија Николовска, додека моделка е Марија Веселиновска
(Моделс Ин). Виктор Петревски и Лазар Лукиќ се фото едитори на едиторијалните и
студиските фотографии.
Модните парчиња може да се видат и нарачаат на социјалните мрежи на брендот,
како и концептуалната онлајн продавница „Урма“ (www.urma.mk)
Во Мода
Модната дизајнерка Мирјана Јосифоска ја претстави новата колеција на шапки и модни додатоци именувана “Lavender Fields”
август 25, 2022