Доколку имате активен животен стил што вклучува планинарење, фитнес, скијање, возење велосипед или, едноставно, трчање, за максимална комфорност добро е да користите облека од природни материјали. Мерино волната е водечки природен материјал и обезбедува максимална комфорност. Иако ценовно е позиционирана погоре од другите модерни синтетички материјали, природното потекло и удобноста гарантираат вистинско уживање и здравје. Волната располага со чиста и висока енергетска фреквенција од дури 5.000 mHz, која го облагородува и позитивно влијае на телото додека ја носите.
Најважни карактеристики се дека е одличен регулатор на температура, лади во лето, грее во зима, помага да се заштити телото од промени во температурата и нивото на влага. Физичките активности можат да се одвиваат во различни услови, а видот на облеката има големо влијание врз перформансите на телото и за неговата заштита. Волнените влакна апсорбираат 30% повеќе влага, која не ја чувствувате на вашата кожа, лесно испарува нанадвор, правејќи ја волнената облека поудобна и покорисна од другите материјали. Во зима најбрзо губите температура ако носите облека што е испотена, држи влага и не суши брзо.
Волната е природно отпорна на мирис поради уникатните антибактериски својства, што е уште една клучна придобивка зошто волната мерино е победник во сегментот на активна облека. Соодветна е за повеќедневни физички активности.
За максимален ефект, волната се носи директно на телото како прв слој. Има зголемен проток на воздух, апсорбира повеќе влага, не губејќи ги својствата. При потење нема мирис и е одлична за фитнес во затворен простор. Добро ја балансира температурата на телото, грее, лади и штити од забрзано дехидрирање на кожата.
Во Македонија, како новина на пазарот, преку брендот „Мерино светот Woolona“, на располагање ви е облека целосно изработена од австралиска волна мерино, со стоотстотно учество на материјалот при изработката.